Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев го праша Николов дали му дал мито, сведокот негираше

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 16:36

Премиерот Зоран Заев, како обвинет во случајот Поткуп, на денешното судско рочиште го испрашуваше сведокот Иван Николов, кој го обвинува за мито.

Николов во претходното сведочење истакна дека со Заев се среќавале само во неговиот градоначалнички кабинет, а Заев го праша дали е ова точно, набројувајќи неколку места на кои се среќавале.

Николов негираше, а Заев му посочи дека се сретнале во 2014 година пред Домот на АРМ и разговарале.

Заев исто така директно го праша Николов, дали за земјиштето од 7.000 квадрати кое ги купил му дал поткуп од 1, 2 или 3 евра, на што Николов одговори дека не му дал.

Заев го потсети Николов дека на снимката која е приложена како доказ, тој му посочува дека едно евро требало да даде за црквата, а за другито евро разговарале да не го донира во готово, туку да го даде преку градежен материјал, цигли, цемент и сл.

Тој рече дека за првото евро е точно, а за второто негираше дека разговарале како да го донира преку градежен материјал.

Сведокот појасни дека идејата со градежните материјали била на неговиот син, а не на обвинетиот.

Заев, исто така го потсети Николов и на нивниот последен телефонски разговор и го праша дали е вистина дека му рекол: Како не ти е срам со месеци, па и години да ме местиш. Имаш внуци, дедо си, не ли ти е срам? Дали некогаш си имал проблем со мене или моето семејство? Зошто по секоја цена се обидуваш да ме наместиш, го праша Заев.

Тој посочи и дека му рекол да го плати милионот и дека бил стар човек, па не му чини тоа што го прави.

Заев го праша и дали е точно дека од 2008 до 2013 се воделе истраги против него, па сега неговото сведочење е поврзано со истрагите, на што Николов потврди дека имало истраги, ама како што кажа биле отфрлени.

Заев Николов поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.