Во Грција ќе бидат затворени околу 40.000 мали претпријатија, со што бројот на невработени ќе порасне на 90.000, јавуваат тамошните медиуми.
Тоа е последица на рекапитализација на банките од 50 милијарди евра.
Справувањето на банките е дел од втората фаза на програмата за помош која Европската унија ја подготвува за Грција и до сега се веруваше дека дека интервенцијата во банките ќе биде пресудна за економското опоравување на земјата.
Резултатите од интерната анкета, која е спроведена меѓу 1.200 мали фирми во Грција, покажува дека две третини од претпријатијата ја сметаат ситуацијата за полоша од минатата година.
Речиси ист број фирми, 65 проценти, се борат против кризата со намалување на платите и намалување на работното време.
Освен потенцијалните нови 90.000 невработани од приватниот сектор, ударот ќе ги погоди
12.500 Грци кои во јавниот сектор ќе ги изгубат своите рабитни места.