НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина век од историскиот говор на Мартин Лутер Кинг

0
By Нова ТВ on August 28, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На денешен ден, 28 август се навршуваат точно 50 години од „Маршот на Вашингтон“ и историскиот говор на Мартин Лутер Кинг „Сонувам“, кој и го уништи патот на расната сегрегација и доведе до унапредување на расните односи во САД.

Овој говор се смета за ремек дело кој ја дигна нацијата да ги поддржи еднаквите права за Афроамериканците. Во „Маршот на Вашингтон“ тој 28 август 1963 година учествуваа 250 илјади луѓе, а доктор Кинг говорот го одржа на скалите пред споменикот на Линколн.

Во Вашингтон веќе една недела траат одбележувањата на оваа важна пресвртница, а финалното обраќање на претседателот Обама ќе биде на истото место каде Кинг го одржа незаборавниот говор. Со Обама ќе бидат Џими Картер и Бил Клинтон.

Говорот на Мартин Лутер Кинг тареше 17 инути, а најсилниот дел од него е следниот:

„Ви велам денес, мои пријатели, дека иако се соочуваме со потешкотиите на денешницата и утрешнината, јас се уште сонувам. Тој сон е длабоко вкоренет во американскиот сон. Сонувам дека оваа нација еден ден ќе се разбуди и ќе биде на нивото на своето сопствено верување – во вистината која е очигледна: дека сите луѓе се создадени еднакви.

– Сонувам дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните робовладетели ќе седнат заедно на братска маса. Сонувам дека еден ден самата држава Мисисипи, во која владее неправдата еден ден ќе се претвори во оаза на слободата и праведноста. Сонувам дека моите четири деца еден ден ќе живеат во земја во која нема да се суди според бојата на кожата, туку по вредноста на нивната личност.

– Сонувам денеска еден сон… Сонувам дека еден ден Алабама со злосторничките расисти, со нејзиниот гувернер, од чии усни течеа зборовите како “интервенција“ и “анулирање на расната толеранција“…, дека токму таму во Алабама еден ден малите црни момчиња и малите црни девојчиња ќе им подадат рака на малите бели момчиња и девојчиња како на браќа и сестри.

– Сонувам дека еден ден ќе се воздигнат сите долини, секој рид ќе биде смалена, дека нерамните пространства ќе се израмнат, а славата на Господ ќе се открие и секое тело ќе ја почувствува.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.