На 2-ри септември престанува да важи мерката за условен увоз на пченицата, а до средината на месецот се очекува да биде укината и мерката за условен увоз за брашно изјави денеска владиниот портпарол Александар Георгиев.
На ваква одлука Владата се решила бидејќи било констатирано дека пазарот е стабилизиран и откупена е 95 отсто од пченицата.
– Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка изјави Ѓорѓиев.
Тој нагласи дека се создадени услови за укинување на мерката за условен увоз на брашно од странство.
Владиниот портпарол истакна дека мерките биле донесени за да се заштити домашното производство и да се стабилизира пазарот, а целта веќе била постигната.