НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Попис за економско, а не за етничко пребројување

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија има 2 073 702 државјани, односно толку изнесува бројот на население заклучно со 31 декември 2016 година. Овој податок што го објавува Заводот за статистика е  “проценка на население“, операција која методолошки е позната и признанена но не ја дава сликата за вистинската состојба со бројот на население, како што тоа би се случило преку пописот, коментираат за “Порталб“ дел од експретите.

Откако се обелодени дека во 2020 година ќе се спроведе очекуваниот  попис, познавачите велат дека не чекаат нови политички “сопки“ кои ќе мора да бидат надминати.

 Без попис – државата трпи штети

 Попис во 2020 година. Нов Закон за попис. Набавка на 6 000 компјутери. Вкупен трошок – 8,5 милиони евра. Ова се дел од деталите што се обелоденија за најавениот попис што треба да го спроведе владеачката гарнитура. Изјавата на првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, дека ќе се залага етничката припадност на граѓаните да не биде дел од пописниот материјал, предизвика реакции во јавноста.

 “Тргнувајќи од аспект на нашиот Устав кој одредува права и обврски поврзани со етнички клуч, односно правична застапеност според етникум, се отвора прашањето  кој ќе биде ефектот од неутврдување на етничката припадност, односно се наметнува прашањето по кој правен основ потоа ќе се реализираат и применуваат обврските утврдени во Устав“ – вели за “Порталб“ еден од поранешните министри за правда, универзитетскиот прфесор Аднан Јашари.

 Попишувањето на население е препорака а не задолжителна графа во пописните листови, вели еден од поранешните директори на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски. Посетува дека во Македонија, од 1948 година, преку пописната операција,  се третира и пребројувањето по етнички клуч.

 “Во однос на етничкото прашање, таа категорија не е задолжителна според стандардите. Имено, постојат задолжителни и доброволни белези во пописните листи, овие вторите ги одредува самата земја. На пример, незадолжително е да се утврди бројот на граѓани кои имаат телевизор. Овие белези се по избор и проценка на земјата што го организира пописот. Од друга страна, имаме задолжителни белези во пописните листи кои се спроведуваат за да се обезбеди меѓународна мерливост. Етничкото прашање преку пописната операција во Македонија се спроведува од 1948 година“ – вели Герасимовски.

 Според најавите на Заводот за статистика. Пописот треба да се спроведе во 2020 година. Дел од експертите оценуваат дека тајмингот е добар, бидејќи во 2019 ќе се одржат претседателски избори, а по пописот, во 2021 ќе бидат и локалните избори.  Се најавува  пробен попис што би се спровел во 2019 година во одредени општини. 

 “Пописот, како статстичка операција има други димензии односно причини, утврдување на економскиот  и социјалниот статус на населението на пример, и тие цели мора да бидат остварени за да се добие вистинска слика за состојбите. Но попис без етничка графа ќе го остави отворено прашањето на кој начин етникумите ќе ги оставрат правата загарантирани со Устав и закони, ако не се утврди состојбата и од овој аспект“, вели професорот Јашари.

 Без спроведен попис цели 16 години, земјата трпи директни и индиректни штети, велат експертите

 “Прво, апсурдно е во ерата на ИК технологиите ние да немаме ни приближно точна бројка за големината на населението и неговата географска, старосна, образовна и други карактеристики врз основа на што се водат скоро сите економски и други политики во земјата. Во таков случај ние само може да претпоставуваме какви ефекти би имале различните мерки на политиката. Второ, нашиот политички систем  е директно поврзан со етничките, јазичните и други карактеристики на населението. Без нив, системот едноставно не може да функционира ниту на централно, ниту на локално ниво. Последиците од тоа веќе ги чувствуваме. Трето, пописот всушност е попис и на земјоделските стопанства за кои сега практично немаме никаков увид.

Тоа ја оневозможува и земјоделската политика, но не ни дава ни слика за односите на руралното и урбаното население, што доведува до последици врз урбанистичкото и просторно планирање“ – -вели еден од поранешните министри за финансии, универзитетскиот професор Никола Поповски и додава:

 “Конечно, социјалната инфраструктура, особено, детските, образовните, здравствените и пензионерските објекти не можат да се планираат ако не се знае во кој правец се движи старосната структура на населението воопшто и по региони и градови. Посебните проблеми на соодносите на вкупното, работоспособното и активното население, како и младите до 18 години се нешто без што не може долгорочно да се планира практично ништо. На ова треба да се додаде фактот дека Македонија нема своја статистика на емигрантите со што не сме во состојба подлабоко и попрецизно да гја знаеме структурата на сопственото население“.

 На интернет страницата на Заводот за статистика пишува дека Македонија има 2 073 702 граѓани, односно население. Оваа состојба , утврдена на 31 декември 2016 година, според статистичарите е добиена врз основа на операцијата “проценка на население“, што е целосно различна од пописната операција. Имено проценка на население е операција во која се вклучени “природно движење на население“ и “миграции“, но според експерите и тука може да се проблематизира околу бројките, особено во делот за миграции. За време на локалните избори лани, повеќе општини во земјава влегоа во изборниот процес без пребројано население.

 Македонија, како земја членка на Обединетите нации е обврзана да спроевде попис на население. Последен пат операцијата беше спроевдена во 2001 година. За пропаднатиот попис во 2011 година, Специјалното јавно обвинителство отвори истрага “Попис“ во која осомничени се актуелниот лидер на ДУИ Али Ахмети и екс претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски. Според СЈО, двајцата во договор, решиле да го стопираат пописот, наведувајќи технички причини, но мотивот бил сосема друг, со што ја оштетиле државата за 2,8 милиони евра. И од двете партии реагираат дека немало ништо спорно во одлуката на тогашната власт да го стопира пописот.

попис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.