Фејсбук денес најави преземање на “додатни мерки” за подобра заштита на личните податоци на корисниците на социјалната мрежа. Најавата доаѓа по скандалот со Кембриџ Аналитика поради кој Фејсбук загуби 14 проценти на американската берза а корисниците почнаа да бараат начин да го избришат профилот на социјалната мрежа.
“По најавите на Марк Цукерберг од минатата недела, ние ќе преземене додатни мерки во наредните недели за да им дозволиме на корисниците да имаат поголема контрола врз нивните лични податоци”, пишува на блогот на Фејсбук кој има повеќе од две милијарди корисници во светот.
“Нашиот заклучок е следниот: мораме нашите параметри за приватност да ги направиме полесни за разбирање, наоѓање и користење. Најголемиот број на овие промени се предвидени веќе извесно време но настаните од последните денови и дадода поголема важност на оваа промена”, пишува Фејсбук.
Мрежата дава повеќе примери за промените што ќе следат како “едниствен мени за да се најдат и менаџираат сите параметри на приватноста” и тие алатки ќе бидат “лесни за наоѓање, преземање и бришење на личните податоци на Фејсбук”.
И покрај извинувањата на Фејсбук на 21 март, социјалната мрежа не успеа да ја згасне полемиката за недостатоците во заштитата на личните податоци. Според укажувачите, податоците на 50 милиони корисници на Фејсбук биле собрани од Камбриџ Аналитика и злоупотребени во претседателската кампања во САД и во референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Фејсбук сака да го пресретне и стапувањето на сила на директивата GDPR на ЕУ на 25 мај, што предвидува построги закони и регулативи за тоа како организациите ги користат податоците на граѓаните, како и повисоки казни за кршење на овие регулативи и закони.
Не е познато колку корисници изгуби Фесјбук, но со оглед на тоа дека #DeleteFacebook и понатаму е тренд на сите друштвени мрежи, бројката веројатно го загрижила Цукерберг.




