Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска го известил потпретседателот на Владата на Србија, Расим Љајиќ дека Македонија започнала процедура за укинување на мерката за ограничување на увозот на пченица и брашно соопштуваат од српското Министерство за трговија.
Иако со оваа мерка беше предвидено ограничување на увозот до 31 декември, од понеделник извозот на пченицата од Србија во Македонија ќе се одвива без никакви ограничувања стои на официјалната веб страна на ресорното Министертвото.
Љајиќ изразил очекување дека Македонија во иднина нема да воведува вакви рестриктивни мерки, бидејќи во интерес на двете земји е трговската размена на стоки да биде слободна во двата правци.
Доколку се искористат сите потенцијали обемот на стоковната размена може да порасне од сегашните 600 милиони на еден милион евра потенцирал Љајиќ.