НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на порно актерката побара Трамп да сведочи на суд

1
By Нова ТВ on March 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот на порно ѕвездата Сторми Даниелс, Мајкл Авенати поднесе барање до судот, претседателот на САД Доналд Трамп да сведочи под заклетва, во врска со тврдењата на неговата клиентка дека имала односи со Трамп пред 12 години.

Адвокатот Мајкл Авенати поднесе барање до федералниот суд во Калифорнија.

Во документите, тој побара сведоштво на Трамп и неговиот адвокат Мајкл Коен во врска со 130.000 американски долари, кои и биле платени на Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година за да молчи за наводните односи со Трамп.

Авенати вели дека сака да ги испита двајцата „не повеќе од два часа”.

Во барањето се наведува дека сведочењето е неопходно за да се утврди дали Трамп знаел за исплатата и дали се согласил со тоа.

Коен изјави дека платил 130.000 долари од свој џеб, иако тврди и дека Трамп никогаш немал сексуален однос со порно актерка.

Последниот претседател на САД кој сведочеше под заклетва беше Бил Клинтон во 1998 година на судењето поради сексуално вознемирување на Пола Џонс.

Расправата за предлогот на Авенати е закажана за 30 април.

Сторми Даниелс поднесе тужба за прекршување на договорот за доверливост со образложение дека „договорот за молчење” од 28 октомври 2016 година е правно ништовен, бидејќи го потпишале само Клифорд и Коен, а не Трамп.

Исплата на 130.000 долари е спорна, бидејќи била направена за време на изборната кампања, кога постојат строги ограничувања за парите поврзани со кандидатите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.