ВИДЕО: Све је исто, само њега нема, хит од 2008 год., кој беше на врвот нa топ-листите во сите екс- Југословенски републики
Тијана Дапчевиќ, „повратникот“ на македонската музичка сцена, е изведувачката која ќе ја претставува Македонија на следниот избор за песна на Евровизија во Данска, откри денес Македонската Радио Телевизија.
Тијана за МТВ изрази подготвеност за големиот музички настан, и надеж дека Македонија од балканските земји ќе ги добие највисоките оценки.
Минатата година во Малме, Влатко Лозаноски и Есма Реџепова ја претставуваа земјата со песната насловена „Пред да се раздени“, текст на Магдалена Цветковска и музика на Лазар Цветковски и Дарко Димитров, по повлекувањето на првичната „Империја“ која наиде на жестоки критики и негативни коментари во јавноста.
ВИДЕО: Империја од 2012, изведувачи- Есма Реџепова и Влатко Лозановски