Полицијата во Русија ja заплени сликата на која е насликан претседателот на земјата Владимир Путин во женска долна облека од уметничка галерија во Санкт Петербург.
Портретот го покажува претседателот Путин како ја чешла косата на рускиот премиер, Дмитриј Медведев.
Нејзиниот уметник, Константин Алтунин, оттогаш ја напушти земјата за да бара азил во Франција, според директорот на Музејот на моќ, во Санкт Петербург.
Полицијата соопшти дека четири слики кои беа запленети прекршиле неодредено законодавство.
Две од другите слики кои се отстранети од галеријата се шегуваат со конзервативните руски политичари, кои водат кампања за воведување на контроверзните анти-геј закони.
Избор: ББЦ