Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десничарскиот парадокс на левичарот Тевдовски

0
By Биљана Секуловска on March 31, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 31, 2018 11:58

Бруи аплауз во целата јавност, откако министерот за финансии Тевдовски го кажа својот став дека треба да се воведе стапка на прогресивен данок од 18 отсто за приходите над 1.000 евра, иако има и еден поинаков концепт-  особено зачудувачки за вицепремиерот Анѓушев, кој како и премиерот Заев бара долгорочна дебата и анализа за конечна одлука.

Но, идејата на Тевдовски е вредна за размислување, од многу причини, и затоа е добро веднаш да се отфрлат застарените сфаќања на Анѓушев и Заев кои навестуваат левичарски одлуки, особено заради фактот што доколку бидат применети, ќе најават праведно општество кое ја слави демократијата, кое во овој момент најмалку ни е потребно, ако го прашате Тевдовски.

Видете, секако Тевдовски знае што говори- можете веднаш да заклучите дека тој најавува дека сега е итно и неопходно да се уништи средната класа која замислил дека е припадник на богатиот слој- тој не гледа дека и онака е испружена на земја и едвај дофаќа една штака, додека инвалидската количка и се насмевнува после груевизмот.

Како подобро тоа би се извело, тоа убиство на несигурната во одот, хоспитализирана средна класа, ако не со проклетите 1.000 евра, кои од перспектива на оние 30% сиромашни и навистина таа сума изгледа како врвен луксуз, кој треба веднаш да биде запален во средновековен стил.

Можете вие на Тевдовски да му ја објаснувате улогата на средната класа и да започнете со процесот на демократизација на едно општество, кој би бил невозможен без нејзината сила, но велите дека тој тоа не го знае?

Е, да, можете да се повикувате на значењето на таа средна класа како одлучувачка во процесот на изборното гласање во демократијата, но не бидете наивни, тој претпоставувам одлично е запознаен и со тоа.

Секако дека сега вам ви се отворени и другите аргументи- да дебатирате и да му посочите на Тевдовски зошто средната класа се смета за срж, јадро на едно општество, клучен елемент во процесите  кои водат кон демократија (Барингтон Мур). Или за Бурдје и класната стратификација која се однесува на поседувањето на културен, општествен и економски капитал- a во рацете на интелектуалците во Македонија се помалку го има овој последниот.

Тука е и Штиглиц, кој алармира за нееднаквоста, како значаен фактор во спорото опоравување на општеството, за неможноста ниската класа, но и средната, да имаат пристап кон врвно образование, за разлика од високата класа. Да не должам, Тевдовски можеби  се прочитал и којзнае, дури и вероjатно сето ова го знае.

Знае тој и дека средната класа е еден вид тампон зона на суровата нееднаквост помеѓу богатиот слој и сиромашниот, дека кога има огромен јаз помеѓу нив е невозможна демократијата- доколку средната класа не постои или е на изумирање, затоа што екстремно богатата класа секогаш е повеќе заинтересирана за репресија, корупција и спречување на почитување на демократските принципи и вредности.

Додека средната класа секогаш инклинира, инстистира да биде застапник, адвокат на ниската класа, на онепревдените, да ги брани нивните интереси, и покрај очекуваните позиционирања на таа средна класа- да ја дели политичката моќ со високата класа, но во таа политичка алијанса, таа во многу поголема мера останува претставник на  ниската класа и нејзина единствена утеха тогаш кога нееднаквоста го зема данокот од најслабата карика во општеството.

Можете до бескрај да му говорите на Тевдовски за невозможноста едно општество да опстои без интелигенцијата, а тоа секако дека е средната класа, со нејзината одлучувачка улога во реформистичките движења низ историјата и не само на постарите демократии, нека ја погледне само Македонија и Шарената револуција.

И тоа верувам дека го совладал Тевдовски, не грижете се за неговите способности да ги прочита цивилизациските достигнувања на средната класа, но што тоа му менува нему, тоа е болното прашање на кое одговор немаме се уште.

Но, има уште една мистерија, која веќе на почетокот на овој текст ја споменав- како е можно да имаат дилеми  за зголемување данок на средната класа која секако дека не е богата со тие 1.000 евра, еден Кочо Анѓушев или еден Заев, како претставници на крупниот капитал?

Тие припаѓаат на оној најмоќен а процентуално мал дел од општеството кое ја игнорира ниската класа и не ја разбира или ја отфрла улогата на средната класа. Како е можно токму тие, како претставници на најбогатиот слој на општеството да се свесни дека можеби прагот од 1.000 евра плата е пренизок за да се наметне данок, дека тој мора да се зголеми и да се цели кон богатите, додека Тевдовски, токму како претставник на либералната прогресивна сила во земјава, како левичар, не е запознаен со моќта на средната класа и важноста од нејзино зајакнување и окрупнување, наспроти неговите заложби за законско и систематско уништување.

Несфатливоста за вакви ставови затоа е на страната на Тевдовски,  затоа што со таа идеја ќе се уништи и она малку интелигенција која останала во државава. Затоа што таа интелигенција на која ќе и се наметнат поголеми даноци сега и се отвора и прекрасна можност сосема да овене.

Со тоа, Тевдовски може само да добива аплаузи од оние кои најмногу и ги презира- од најбогатите, но чии интереси и заштитил, без да биде докрај свесен, ниту пак заинтересиран за парадоксите кои ги предизвикал со само една идеја, која ќе пропадне и пред да биде дебатирана  и покрај демократските желби на Заев и каков неочекуван пресврт, дилемите на Анѓушев, кои можеби ќе добијат левичарска боја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.