Протестот на локалното население поради воведувањето на патарина на автопатот Албанија – Косово кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт. Протестот беше најавен и се очекуваше дека ќе биде мирен но демонстрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, по што таа возврати со солзавец.
Во инцидентите демонстрантите целосно го уништија наплатниот пункт и најавија порадикални мерки ако не се повлече одлуката за воведување на патарината.
И премиерот Еди Рама се огласи со најави за воведување патарина и на други патишта.
Автопатот Тирана-Кукс-Морина е во должина од 110 километри и истиот освен транспортните претпријатија, го користат и косовските туристи.
Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им се на учесниците дека ќе одговараат пред законот за уништувањето на пунктот и напад на службени лица.
Во меѓувреме според медумите првичниот биланс на повредени е дваесеттина лица, од нив петмина полицајци и значителна материјална штета.




