Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српската актерка Мирјана Карановиќ на „Браќа Манаки“ 2013

0
By Нова ТВ on August 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 29, 2013 14:11

Српската актерка Мирјана Карановиќ, што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, го потврди учеството на реномираното Сценаристичко катче „Браќа Манаки“ 2013. Карановиќ лично ќе го претстави и развива своето сценарио под наслов Добра сопруга.

Во нејзината кариера судбинска улога одигруваат филмовите Татко на службен пат на Емир Кустурица и Грбавица на Јасмила Жбаниќ, инаку добитник на Златна мечка на Берлинскиот фестивал. Во меѓувреме глумеше и во проекти како Буре барут на Горан Паскаљевиќ, Јагода во супермаркетот на Душан Милиќ, Андерграунд на Кустурица, Сведоци на Винко Брешан (со што беше првата српска актерка која глуми во хрватски филм после војната), како и во филмовите на делод најголемите југословенски и српски режисери (Горан Марковиќ, Лордан Зафрановиќ, Боро Драшковиќ, Жика Павловиќ, Вељко Булаиќ).


Позната е и по бројни улоги остварени на телевизија (серијата Ќе се вратат штрковите) и во театар. Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип. Професорка е по глума на Српската академија на уметностите, а во Битола доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што уште еднаш го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичко катче.

Останатите селектирани проекти на работилницата која ќе се одржи на 18 и 19 септември:

Саулиус Друнгал – Зукерзеит, Литванија
Иван Мариновиќ – Црна игла, Црна Гора
Томи Алексов – Скриена камера, Македонија
Даријан Пејовски – Септември, Македонија
Ѓорче Ставрески – Крани, Македонија

Програмата овозможува дводневна турусна работилница на развивање сценарио со Елма Татарагиќ, експерт за сценарија т.н. скрипт-доктор од Босна и Херцеговина, која меѓу другото беше сценаристот на филмот Снег кој ја освои главната награда на Critics Week Grand на Канскиот филмски фестивал.

Еден учесник на Сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ ќе биде награден со награда во износ од 1.500 евра, која ќе ја додели Дарко Башевски, директор на Филмскиот фонд на Македонија на 19 септември.

Сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ е понов проект на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, чија цел е да ги потпомогне и да ги обучи филмските автори. Истото е поддржано од Филмскиот фонд на Македонија.

Десетина проекти биле досега развиени во филмови во рамки на оваа програма, од кои два се реализирани а еден ќе ја има премиерата на годинашниот „Браќа Манаки“. Жената која ги избриша солзите на Теона Стругар Митевска со премиера на Берлинскиот филмски фестивал и Утре денот доаѓа на Минг Ли Чанг. Соба за пијано на Игор Иванов, филмот на отворање во 2013, исто така беше дел од Програмата. Останатите филмови се во претпродукциска и постпродукциска фаза како Мајкл Џексон на Дарко Лунгулов, Баиконур на Веит Хелмер, Лазар на Светозар Ристевски, Децата на сонцето на Антонио Митриќески.

34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност. Жири-комисиите што ќе ги одредат наградите во натпреварувачките програми се во состав од реномирани интернационални личности од светот на културата и уметноста.

Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор, многу повеќе светлина во Битола и во Македонија.

Платен маркетинг

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.