НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На авион на „Визер“ му откажал мотор при слетување во Скопје

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На пет минути пред слетување на скопскиот аеродром откажал мотор на авион на „Визер“ кој летал на релација Базел – Скопје ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 00:15 часот, но слетал безбедно, потврдија за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и од М-НАВ.

Пилотскиот екипаж ја направил стандарната процедура во таква ситуација, извршил кружења над скопскиот аеродром за подготовка на конфигурацијата на авионот и безбедно слетале.

„На 30 март во 12:15 по локално време на Интернационалниот аеродром Скопје на летот Базел – Скопје,во фаза на приод за слетување на Скопскиот аеродром на авионот му откажал еден од двата мотора без можност за повторно покренување. Пилотот декларирал вонредна случка по што службите на М-НАВ и ТАВ реагирале согласно процедурите. После два холдинга над аеродромот екипажот успешно го слетал авионот на писта и ги истоварил патниците без никави проблеми“појаснуваат од АЦВ.

Согласно процедурите, како што додаваат, стапиле во контакт со унгарската дирекција на Визер односно со унгарската АЦВ како и со надлежните домашни институции.

„Техничката оператива на Визер уште изутрина на 30 март пристапи кон дефектажа на моторт и отстранување на техничките проблеми врзани за отказот. Во текот на денот и ноќта согласно технолошките карти на Ербас извршија отстранување на дефектот на моторот и успешно стартување на моторот на земја. По доставувањето на целокупната документација АЦВ констатираше дека авионот може да полета од Скопскиот аеродорм (без патници) во правец на Полска каде што Визер има работилница со повисок степен на одржување, информираат од АЦВ и најавуваат дека во претстојниот период ќе спроведат истрага за настанот и ќе информираат согласно анексите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) како и во согласност со позитивните законски уредби и процедури.

Од М-НАВ, пак, наведуваат дека контролорите на летање постапиле согласно прописите во случај на итност, за што, како што соопштуваат, веќе им било јавено од оперативниот центар на Визер дека ќе достават благодарница за помошта. – Најбитно е да се нагласи дека се се завршило во најдобар ред, поради фактот дека пилотите и контролорите на летање поминуваат низ обуки кои вклучуваат справување со вакви настани, велат од М-НАВ.

авион мотор Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.