Published: Sunday, April 1, 2018 17:24
Аферата Скрипал е провокација на британските разузнавачки служби за да ја стават Русија под контрола, изјави рускиот амбасадор во Велика Британија Александер Јаковенко на руската ТВ станица НТВ ТВ.
“Пред неколку години, Велика Британија активно размислуваше за својата улога во западната алијанса. Во тоа време, во 2015 година, кога концептот на национална безбедност беше воведен и потврден од Тереза Меј, Британците станаа лидери во таканаречената контрола врз Русија”, изјави амбасадорот.
Според него, аферата Скрипал како “силна провокација” била неопходна за да се задржи контролата и да се задржи довербата на граѓаните и на владата.
“Таа провикација била најверојатно креирана од Британците за да се обвини Русија”, додаде тој.




