НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија ја обвини В.Британија дека си „игра со оган“

0
By Нова ТВ on April 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија ја обвини Велика Британија дека „си игра со оган“ и „шири лажни вести“ за случајот со отруениот двоен агент Скрипал и неговата ќерка.

Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензја на состанокот на Советот за безбедност на ОН рече:„Им порачавме на нашите британски колеги дека си играат оган и дека ке жалат за тоа“.

Москва бараше да се одржи вонреден состанок на Советот за безбедност во Њујорк да се дискутира за случајот Скрипал, велејќи дека Британија треба да одговори на „легитимни прашања“. Небензја кажа дека обвинувањата биле „ужасни и неосновани“ и дека Британија ја предводи пропагандната војна против Русија.

Тој рече дека Новичок – нервниот агенс што бил користен при нападот на Скрипал – „не е заштитен со авторски права од Русија, и покрај очигледното руско име“ и се произведува и во многу други земји.

„Ова е еден вид на театар на апсурдот. Не можевте да измислите подобра лажна приказна?“праша тој.

Одговарајќи на ова, британскaта амбасадор во ОН, Карен Пирс, рече дека руското барање за средба со Јулија Скрипал и е доставено и се чека нејзиниот одговор. „Не прифаќам лекции за морал од земја која на вчерашната расправа во Советот, вложи многу напор да ја блокира истрагата за употреба на хемиско оружје во Сирија“ кажа Пирс.

Владата на Велика Британија постојано тврдеше дека Русија стои зад нападот, тврдејќи дека нема “никакво друго веродостојно објаснување”. Денеска, британскиот весник Тајмс, повикувајки се на извори од британското разузнавање пишува дека нервниот агенс бил произведен во руска воена база.

Во меѓувреме, британската полиција издаде соопштение во име на Јулија Скрипал, во кое таа напишала дека нејзината сила “расте секојдневно”. Соопштението беше објавено веднаш откако руската телевизија објави снимка од телефонски разговор помеѓу Јулија Скрипал и нејзината братучетка.

Скрипал Совет за безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.