Published: Monday, April 9, 2018 17:57
Бројот на Британците што станале државјани на држава членка на ЕУ се зголемил за два пати во 2016 година, годината на гласањето за излез на земјата од ЕУ. Според официјалните статистики на Евростат, европското биро за статистика, 6.555 Британци станале државјани за друга земја членка на ЕУ во 2016 година додека во 2015 година ги имало само 2.478 што значи зголемување за 165 отсто.
Од тој број 2.702 станале државјани на Германија.
Според Евростат, во 2016 година околу 1 милион лица станале државјани на земја членка на ЕУ а тоа изнесува 18 отсто повеќе од 2015 година.
На чело на списокот се Мароканците односно 101.300 Мароканци добиле државјанство на Шпанија (36,5 отсто), на Италија (34,8 отсто) и на Франција (17,5 отсто).




