Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По хемискиот напад во Сирија, САД се заканија: Дојде време за правда

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 09:03

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли во Советот за безбедност изјави дека дојде моментот за правда по нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

-Дојдовме до моментот кога светот треба да ја види правдата, изјави таа, наведувајќи дека хемиски напад може да изведе само „чудовиште“.

-САД се решени чудовишетото кое фрла хемиски бомби врз сирискиот народ да ги плати сметките, рече Хејли.

На седницата на Советот за безбедност францускиот амбасадор Франсоа Делатр ја обвини Русија за хемискиот напад во Дума.

-Ниту еден сириски авион не полетува, а претходно за тоа да не бидат информирани руските сојузници, изјави тој.

Ако во Сирија „е премината црвената линија, ќе има соодветен одговор, изјави денеска портпаролот на француската влада, Бенжамен Гриво.

Тој додаде дека размената на информации меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американски колега Доналд Трамп „априори потврдува дека било користено хемиско оружје“.

– Ако биде утврдено кој е одговорен, претседателот на Републиката веќе неколку пати напомна  дека, ако е пречекорена црвената линија, ќе има соодветен одговор, изјави Гриво за радиото Европа-1.

Тој нафласи дека Макрон и Трамп им дале инструкции на своите тимови да продолжат со истрагата.

– Претседателот на Републиката повторно ќе разговара со претседателот Трамп  во следните 48 часа, рече Гриво.

На прашањето дали ќе се одржи закажаната посета на Макрон на Русија кон крајот на мај, со оглед на развојот на сириската криза, Гриво изјави дека засега таа официјална посета не е доведена во прашање.

– Треба секогаш да се разговара, дури и кога има несогласувања. Тоа е принципот на мултилатералната политика. Не треба едни да бидат изолирани, а други – не. Но,  треба да се признаваат и одговорностите и на едните и на другите, особено во тој регион, каде големите регионални сили имаат влијание – независно дали е тоа Турција, Иран или Русија, рече портпаролот на француската влада.

САД размислуваат за воен одговор

Aмериканските медиуми, повикувајќи се на високи функционери во САД објавија дека САД размислуваат за мултинационален воен одговор на нападот.

Експертите навеле неколку клучни воени објекти кои можат да станат цел на таков напад.

Белата куќа ја обвини Русија дека не ја почитува обврската која ја презела, оти ќе стави крај на сириската програма за хемиско оружје, во контекст на нападот во Сирија во текот на викендот, за кој постои сомнеж дека е извршен со хемиско оружје.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој напад е во согласност со шемата за користење на хемиско оружје, која ја воспоставил претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, како и дека Русија и Иран, исто така, сносат одговорност за материјална помош на владата во Дамаск.

– Сега е јасно оти Русија ги предаде обврските дека ќе го гарантира крајот на сириската програма за хемиско оружје на сирискиот режим, рече Сандерс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно синоќа јавно го осуди „нападот со хемиско оружје“ на сирискиот град Дума, нарекувајќи го „гнасен” и најави дека потенцијалниот одговор ќе го објави во следните 24 до 48 часа.

Руската армија во исто време соопшти дека не открила хемиски напад во Дума во која загинаа десетици луѓе. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека лекари на руската армија ги испитувале пациентите во болница во Дума и дека не откриле симптоми на труење со хемиско оружје.

Дума е последниот град во областа Источна Гута, кој е под контрола на бунтовниците, а сириската војска во петокот започна жестоки напади, во кои загинаа десетици луѓе.

Сириската бунтовничка група Џаиш ал Ислам ги обвини во саботата владините сили дека фрлиле буре-бомба со отровни хемикалии врз цивили во Дума и оти затрѕле повеќе од 500 луѓе.

Експерти од таа област наведоа за дел од американските медиуми дека Франција и евентуално Велика Британија, но и некои американски сојузници од Блискиот исток би можеле да станат партнери на САД во евентуалниот воен одговор во Сирија. Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе нападне цели во Сирија доколку земјата го наруши договорот за забрана на хемиско оружје.

Претседавачот на Советот за безбедност на ОН Густаво Меса-Куадра изјави дека СБ ќе продолжи да работи на предлог-резолуција за наводното користење хемиско оружје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.