По српските закани за против-удар, Македонија денеска ја укинува спорната одредба за ограничување на увозот на пченица, а српските власти оценуваат дека е најважно што проблемот е решен по институционален пат, со помош на ЦЕФТА.
Во Министертвото за трговија велат дека е најважно што извозот на пченица од Србија во Македониај може да се одвива без ограничување, два месеца по воведувањето на ограничувањето.
Државниот секретар во Министерството за земјоделство, Данило Голубовиќ истакнал дека ова е „одлична вест“ и дека трговската одмазда не води кон ништо.
Го свикавме комитетот на Цефта и добивме подршка од сите членки. Македонија беше таа која беше “лошо момче“ во оваа ситуација и не беше коректно што го пролонгираа моментот кога ќе ја укинат оваа мерка, изјавил Голубовиќ.
Српските земјоделци сметаат дека било која мерка не е добра за останатите земји.
-Ние разбираме дека тие си ги штитат своите интереси, но од друга страна тоа прави проблем во целиот регион, изјавил Жељко Сертиќ претседател на Земјоделската комора на Србија.
Македонската Влада минатата недела одлучи да ја укине мерката за ограничување на увозот пченица бидејќи оцениле дека пазарот е стабилизиран, а одлуката стапува на сила од утре.