НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит во Скопје: Дигиталната трансформација за поевтин роаминг

0
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан 2018 кој се одржува во Скопје. Претставници на владите од регионот, на ЕУ, на невладините организации и бизнис секторот дебатираат за потребата и предностите на дигиталната трансформација на опшествата во современиот живот.

Земјите од Западниот Балкан се обединети во дигиталната трансформација чија цел е просперитетна европска иднина за регионот, беше речено на првиот Дигитален самит за Западен Балкан, чиј домаќин е Македонија.

Зборувајќи за придобивките на дигиталната трасформација и револуција за животот на граѓаните, еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел истакна дека засилено се работи на изработка на Дигиталната агенда за Западен Балкан, која е дел од стратегијата на ЕУ за проширување за Западен Балкан 2025. Предупреди дека овој процес нема да биде лесен, и дека клучни точки кон остварување на истата ќе биде обезбедување на средства, подготвеност на јавната администрација, интернет инфраструктурата, но и зголемување на довербата на граѓаните во дигиталниот свет. Еврокомесарката истакна дека намалувањето на цените на роамингот ќе биде една од заложбитепри дигиталната трансформација, известува Радио Слободна Европа.

„Роамингот не е само неопходност, туку и важен стимул кој е од корист и за бизнисите и за граѓаните. Ја поздравувам иницијативата за намалување на цените. Ова е сложена тема за која на ЕУ и требаа речиси 10 години да ја оствари. Но, мораме да овозможиме пад на цените за роамингот на Самитот во Софија во маj”, рече Габриел во своето обраќање.

Премиерот Зоран Заев рече дека Владата ќе обезбеди повеќе буџетски средства за остварување на оваа цел, истовремено покажувајќи подготвеност Владата да учествува во покривање на загубата на мобилните оператори која би била направена преку евентуално намалување на цените на услугите.

„Заедно со министерот за финансии, веќе предвидуваме нови средства постојано давајќи поддршка за дигиталната агенда во Македонија и верувам дека како ќе имаме сè поголеми успеси ќе бидеме повеќе охрабрени да алоцираме во буџетот поголеми средства од досега предвидените“, изјави Заев.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека постои политичка волја кај сите земји од Западниот Балкан и дека за првпат дигиталната трансформација се наоѓа толку високо на политичките агенди, што го искоментира како знак дека и политичарите се промениле.

„Дигиталната трансформација не е лесна, таа всушност претставува многу комплексен и многу скап потфат. Потребни се инвестиции и во инфраструктура, но и во човечките ресурси. Но, позитивно е тоа што се менува и политичката свест и имаме политичка волја“, рече Манчевски, додавајќи дека ова е историска шанса Западниот Балкан да биде добар пример за разлика од, како што рече, примерите коишто ги поставуваше во минатото.

Германскиот министер за економија и енергија Томас Бареис, ја истакна потребата стартапите, малите и средните претпријатија да ја сфатат можноста која им ја дава дигиталната револуција и да ја искористат.

Од дводневниот самит се очекува да произлезе заедничкото барање до Европската комисија за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати, односно дигиталните потписи и печати. На самитот присуствуваат претставници на ЕУ, на владите од Западен Балкан, бизнисите, регионалните организации, граѓанското општество, академската заедница.

Дигитален самит Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.