Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велес не ги измисли лажните вести, но стана синоним за тоа

0
By Нова ТВ on April 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 20, 2018 08:19

Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести. Тој проблем не е нов, а технолошкиот напредок го зголемува предизвикот.

Во рамки на Дигиталниот самит во Скопје се одржа панелот „Медиумите во дигитална ера:спраување со лажни вести“.

– Проблемот со лажните вести е што се губи довербата и тоа е најголем предизвик за традиционалните медиуми, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Министерот за отчетност Робер Поповски, посочи дека Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести.
– Заробената држава верувам дека е зад нас, но алатките се уште се тука. Покрај се што се случи праксата не престана. За локакните избори се создаде измислица дека во општините низ Македонија ќе бидат населени бегалци. Тоа сега не престанува, неодамна се појави измислица дека спомениците ќе се тргаат со бугарски кранови, посочи Поповски.
Во насока на справување со тоа, продолжи тој, Владата забрани владино рекламирање, се заложи за целосна поддршка на слободата на медиумите и транспарентност и отчетност, за што веќе е промовирана и алатка.
– Велес не ги измисли лажните вести, туку некој само добро заработи со нив. Ќе се стремиме Велес да биде препознаен како синоним на борбата против лажните вести, рече Поповски.

-Во моментов имаме хипер продукција на лаги дневно, во Македонија и насекаде, и да ја гониме секоја од нив тоа е непотребно трошење на ресурси и ние мора да најдеме некој нов начин како ќе се справуваме со овој проблем, рече новинарката Сашка Цветковска, од OCCRP, мрежата што се занимава со истражување на корупција и организиран криминал.

Цветковска смета дека треба да сфатиме прво што е она со кое се соочуваме, па потоа да бараме решенија и како би се бореле против проблемите со лажните вести.

Рејчел Врајт, новинар и продуцент од Би-Би-Си, смета дека најголем проблем сега е што информациите луѓето не ги добиваат само од традиционалните медиуми кои прават филтрирање, туку се информираат од многу различни страни и медиуми.
Според неа, луѓето не ги анализираат вестите и новинарите треба да го прават тоа за нив, што сега е суштината на проблемот со лажните вести.
Ерик Бурнс, експерт за медиуми и стратегија од САД рече дека лажните вести, како што сега се разбираат, во суштина се традиционални лажни и полулажни, непроверени информации.
Дигитален самит лажни вести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.