НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се најдобрите Тв серии?

0
By Нова ТВ on September 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментов е многу добро да се биде фан на телевизијата. Измина само нешто повеќе од половина од 2013 година, а веќе има голем број на одлични телевизиски емисии за следење годинава – толку многу, што всушност, и најжестоките гледачи веројатно не би можеле да ги следат сите.

Изминативе шест месеци, кои се ТВ-шоуата кои навистина докажаа дека не смеат да се пропуштат?

1. Game of Thrones

Речиси и не е фер да се вклучи оваа серија во листата за најдобри ТВ-шоуа. Драмата едноставно функционира на едно поразлично ниво: поголем буџет, поголема екипа, повеќе локации, повисоки амбиции од било што на телевизорот. Во својата трета сезона Game of Thrones беше подобра од било која, успешно жонглирајќи со публиката низ повеќе ликовии приказни.

2. Rectify

Rectify е неконвенционален спин на крим-драма. На прв поглед се чини проѕирна: 19 години по затворањето за силување и убиство на неговата девојка, цимерот осуден на смртна казна, Даниел Холден е ослободен на технички основи. Но иако повеќето шоуа би се фокусирале на тоа дали Даниел бил навистина виновен, „Rectify“ се фокусира на истражување на психолошката страна на затворањето на Даниел, неговата фамијлија, и на општеството – без оглед на тоа дали го извршил делото.

3. Arrested Development

Четвртата сезона на Arrested Development не може да биде оценувана како претходните три, кои беа на задоволително ниво на база „епизода по епизода“. Таа бара многу трпение и не секој ќе сака да инвестира време и напори – но без разлика дали ја мразите или сакате, се работи за експеримент кој ги поместува границите на конвенционалната телевизија.

4. The Fall

Првата сезона на The Fall можеби е кратка, но е со уникатен квалитет, интелегенција и тензија која ќе остане во вас и после завршувањето.

5. The Americans

Оваа амбициозна драма во која двајца руски шпиони (Кери Расел и Метју Рајс) се претставени како американска двојка за време на Студената војна – е филм кој мора да го погледне секој кој бара престижна, квалитетна драма.

6. Parks & Recreation

Иако премиерата беше во 2012, многу од најдобрите епизоди на оваа серија, меѓи кои „Лезли и Бен“, „Артикл 2“ и други се прикажуваа во 2013. Четвртата сезона финишираше триумфално така што херојката Лесли Ноп доби место во градскиот совет по тешките избори, но петтата сезона ја комплицираше приказната – на Ноп и ја прикажа суровата страна на политиката.

7. Justified

Во својата четврта сезона, серијата го избегнува својот вообичаен формат на сметка на развелкување на мистеријата, процес во кој херојот Рејлан Гивенс „ќе копа“ се подлабоко во бурното минато на својата фамилија во областа Харлан.

8. Top of the Lake

Главната улога во Top of the Lake ја игра Елизабет Мос, која го истражува исчезнувањето на 12-годишна бремена девојка во Нов Зеланд, Во само седум епизоди, серијата одржува наративен фокус кој ги води до забуна гледачите, но тие што не се фанови на развлечената мистерија можат да уживаат бидејќи серијата носи финален и дефинитивен крај.

9. Hannibal

По четирите новели и пет последователни филма, некој би помислил дека на публиката и е доста од приказните за канибалот и сериски убиец Ханибал Лектор. Но Брајан Фулер внесе нов живот во оваа франшиза, а главниот лик го глуми данскиот актер Мадс Микелсен.

10. Mad Men

Колку е добра оваа серија? И покрај најслабата сезона, оваа серија е сеуште една од најдобрите ТВ-шоуа. Mad Men остана доследна, правилно одглумена низ целата својата сезона број шест. Наредната, седма по ред ќе биде и крајна за серијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.