Жителите на Дебрца протестираат против изградба на регионална депонија во нивната општина. Под мотото „Дебрца чиста“ ја наследивме чиста и ќе ја оставиме, жителите креваат еколошки бунт.
Tочно на пладне во селото Боту започна протестот, на кој насобраните жители носеа транспарети на кој пишуваше : „Премиере одржи си го зборот“,„ На лагата и се кратки нозете од нас баравте глас, а ни испорачувате гнас“.
Тие велат дека нема да отстапат од барањата да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје.
Како што велат организаторите на протестот, целта е уште еднаш да се слушне гласот на народот против одлуката да се гради депонија во оваа општина.
Во рамките на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион кој ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, предвидено е регионалната депонија да се изгради во општина Дебрца, во реонот на селото Годивје. Планирано е да биде ставена во употреба до 2020 година,со тоа што во овој регион ќе бидат затворени стотина диви депонии, меѓу кои е и струшката.