Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Митревски Кољо донесен од Шутка на распит во СЈО

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ПОЛИТИКА
Никола Митревски Кољо (лево) и Александар Василевски Нинџа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 14:01

Никола Митревски Кољо претпладнево бил донесен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто во Специјалното јавно обвинителство. Oд СЈО за НОВА потврдуваат дека Митревски бил повикан во СЈО како сведок, но не откриваат за која постапка, односно дали е во врска со некоја од веќе објавените истраги или пак станува збор за нова.

Фото: Телма

Инаку, Митревски е еден од обвинетите за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Тој, по неколкумесечно бегство, кон крајот на март, годинава сам се пријави во полиција, по што беше спроведен во истражниот затвор „Шутка“.

Постојат сомневања дека Митревски, заедно со Александар Василевски – Нинџа, исто така обвинет за „крвавиот четврток“, кој е се уште во бегство, им биле логистика во обидот за бегство на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети во случаите Тврдина и Таргет на СЈО.

Нинџа и Кољо во октомври минатата година, требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта. Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.

ТВ 24 во октомври минатата година, објави информација дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина според познавачите е потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Македонија.

Откако ова беше објавено од ТВ24, Никола Митревски Коља испратил демант во кој се оградува од обвинувањата кон него.

– Во мое лично име, сакам да демантирам дека требало на некого да помогнеме и да пречекаме или пак логистика да бидеме за било кој. Точно е дека сме застанати на српска граница заради тоа што на трето лице му била пред истекување важноста на пасошот. Исто така сакам да демантирам дека се наоѓам во Бугарија. Моментално сум дома со семејството. Ве молам да не ги пополнувате вестите со нашите имиња и настаните од Собрание, туку да се земе во предвид вистината и доказите за случувањата – напишал Коља во демантот.

Никола Митревски Кољо повикан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.