Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“ денеска ќе се одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право по УНЕСКО.
Пред присутните е најавено обраќање на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера, а ќе биде прочитана и пораката на генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле.
Во пораката Алаѓозовски потенцираше дека книгата е врска меѓу минатото и иднината.
– Ја изразуваме нашата почит кон творештвото и литературна традиција што ги постави темелите на светската книжевност. Наша недвосмислена желба е да ја прославуваме книгата заедно, со нашите соседи и со целото човештво, токму во духот на мисијата што таа ја носи како градител на мостови на разбирање и дијалог за создавање на заеднички вредности и подобра заедничка иднина, истакнува министерот за култура во својата порака, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Свој миниконцерт ќе имаат и студентите од фалуктетот за музичка уметност во класата на професор Дарко Багески.
Мотото на минисаемот кој ќе се оддржи во рамките на одбележувањето е насловен како „Со стара хартија, до нова книга“.