Published: Monday, April 23, 2018 14:33
Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи и донесе на свет момче, кое е нејзино трето дете со војводата Вилијам.
Војвотката Кејт (36), пред бракот, Кејт Мидлтон, се породи во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.
На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да и го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлот. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката




