Наместо 4,48% цената на струјата од август ќе се пресметува по цена намалена за 3%.
Второстепената комисија за решавање на жалби од областа на енергетиката ја поништи одлуката на Регулаторната комисија за енергетика според која од јули сметките за струја требаше да се намалат за 4,48%.
Комисијата по повторното разгледување на жалбата која ја поднесе ЕВН Македонија утврдила дека при донесувањето на првичната одлука на регулаторите не се земени во целост сите факти во пресметките и не била реално утврдена фактичката состојба.
Иако одлуката на регулаторна за пад на цената на струјата од 4,48% важеше од 1 јули од ЕВН велат дека нема да вршат корекција, во сметките за струја за јули ќе ја вкалкулираат одлуката на регулаторите, односно останува пониската тарифа.
За 3% поевтина струја ќе пресметуваат за потрошените количини во август.