НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 30 отсто од тендерите во средните училишта се јавила една фирма

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 30 проценти од сите тендери во 103 средни училишта учествувала само една фирма, покажува истражувањето што го спроведе Институтот за стратешки истражувања и едукација, а во кое се опфатени сите јавни набавки од јули 2013 до јуни 2017 година.

За овие четири години биле склучени 3.343 договори,  во 1.026 се јавила само една фирма, додека во дополнителни 905 постапки конкурирале две фирми.

Кај договорите до 5.000 евра, во 30% од јавните набавки се пријавила само една фирма, а слична е ситуацијата и кај  јавните набавки до 20.000 евра за стоки и услуги и до 50.000 евра – на 29% од тендерите учествувала само една фирма.

„Се обидовме да видиме колкава била конкурентноста во процедурите за јавни набавки. Тоа само по себе не мора да значи ништо, но со цел да се поттикне и транспарентноста и конкуренцијата и да се добијат што поевтини цени во постапките на јавните набавки – ова не го дава тој резултат. Потребно е што повеќе субјекти да се јавуваат на процедурите за јавни набавки за да се поттикне конкуренцијата и на крајот да се добијат поевтини цени“, рече Дарко Спасевски, еден од авторите на истражувањето.

Најмногу договори во овој период има добиено Друштвото за трговија и услуги „ДБ Системи Дооел – Скопје“  вкупно 89, со вкупна вредност од 19,4 милиони денари или околу 315.000 евра. Во јавните набавки до 20.000 евра за стоки и услуги и до 50.000 евра најмногу средства добила фирмата „Белешков Инженеринг – Крива Паланка“, 15,5 милиони денари во 8 склучени договори.

„Тука секако се поставуваат низа прашања. Дали била поставена превисока вредност, дали ако имало повеќе економски оператори на јавната набавка би можела да се постигне уште поевтина цена?“, посочи Спасевски.

Анализата, наречена „Како се троши средношколскиот денар?“ има цел да го поттикне интересот на јавноста за трошењето на средствата за јавни набавки и да го зголеми домаќинското трошење при јавните набавки во средното образование.

Вкупната сума на тендерите изнесува близу 700 милиони денари или околу 11,3 милиони евра.

средни училишта тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.