НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фридом хаус: Македонија е светла точка во напредокот на демократијата

1
By Нова ТВ on April 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организацијата за заштита на слободите и правата Фридом хаус во својот најнов извештај за состојбата со демократијата во земјите во транзиција за оваа година, констатира дека, оваа година ќе остане забележана како година на најголем пад на демократијата во земјите во транзиција во 23 годипната историја на организацијата.

Овој заклучот го илустрира со податокот дека во 19 од 29 земји кои се под лупата на Фридом хаус, е забележан пад во демократските стандарди. Во извештајот насловен како „Спротивставување на нелиберализмот“, се истакнува дека втора година по ред, се констатира дека постојат многу повеќе консолидирани авторитарни режими отколку консолидирани демократии.

Полска е овогодишен неславен рекордер во падот на демократијата, што пак е втор најлош резултат добиен во 23 годишната историја на Фридом хаус. До драматичниот пад на квалитетот на полската демократија довеле, како што се констатира, комплетната контрола на Владата врз судскиот систем, политизацијата на јавните медиуми, кампањата против невладините организации и прекршувањата на редовната парламентарна процедура.

Унгарија пак го регистрира најголемиот кумулативен пад во историјата на следењето на демократијата во земјите транзиција, со константен пад на демокатските стандарди во 10 последователни години.

Србија четврта година по ред забележува пад во демократијата, што според Фридом Хаус е сериозна закана за нејзиниот статус како “полуконсолидирана демократија”. Организацијата предупредува на продолжувањето на трендот на концентрација на власта во рацете на претседателот Александар Вучиќ.

Македонија со напредок во демократското владеење и слободата на медиумите

Како „светли точки“ оваа година се истакнуваат Македонија, Узбекистан и Естонија.

-Промената на власта во Македонија во јуни донесе шанса за промена на повеќегодишната заробеност на државата и надеж за решавање на споровите со соседите, констатира Фридом Хаус.

Овогодишниот индекс за демократското опкуружување во Македонија е 4,36, имајќи предвид најдобрата оценка која може да се добие е 1, а најлошата 7.

Најдобрата оценка, оваа година Македонија ја има во однос граѓанското општество – 3,25, а најлошата во однос на независноста на медиумите – 5.

Демократските стандарди во демократското владеењето на извршната власт, независноста на судството и корупцијата се оценети со 4,75, додека изборниот процес и локалната власт со 4.

-Подобрување од 5 на 4.75 има кај демократското владеење, поради политичката стабилизација по турбулентните 2015-16 година и позитивните, иако се уште ограничени, мерки на новата влада за ослободување на заробените државни институции. Подобрување од 5.25 на 5 има и кај независноста на медиумите, поради напредокот во севкупното известување во медиумите во земјата и одлуката на новата власт да стави крај на владиното рекламирање, кое беше механизам што овозможуваше заробеност на државата.

Како резултат на тоа, оценката за македонската демократија се подобрува од 4,43 до 4,36, констатира Фридом Хаус во најновиот извештај за демократијата во земјите во транзиција за 2018, насловен како „Спротивставување на нелиберализмот“.

 

Извештај 2018 Македонија Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.