НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април, една година подоцна: Се уште не е познат нарачателот

1
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една година по настаните во Собранието на Република Македонија во јавноста се уште не е докрај јасно зошто и како се случија насилствата, кој (и) (с)е нарачател/и, кој се е вмешан, дали изборот на претседател на Собранието беше иницијалната нишка или во прашање е нешто друго.

 

Настанот се случи по завршувањето на пленарната седница, кога сега владејачкото мнозинство пристапи кон избор на претседател на Собранието, по четиримесечната блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Пред зградата на Собранието протест одржуваа граѓани предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои се спротиставуваа на изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието, но и на т.н. Тиранска платформа. Протестите на „За заедничка Македонија“ траеја со денови пред настанот, кој се третира како најнегативен во македонската демократска историја.

Изборот на Џафери започна по 18 часот со пеење на албанската химна од говорницата од страна на пратеник од Беса. Потоа започнува изборот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа избори и ја пееја македонската химна.

Сепак, претседателот на Собранието беше избран. Потоа тој заедно со тогаш мандатарот, сега премиер Зоран Заев и со пратениците од СДСМ и ДУИ се упатуваат кон прес-центарот на Собранието за да одржат прес-конференција.

Во моментите кога Заев почнува да зборува на прес-конференција се отвораат вратите на главниот влез во Собранието. Обвинети за тоа се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои подоцна беа притворени. Во зградата, како и во пленарната сала влегуваат граѓани кои протестираат пред објектот, а меѓу нив и група маскирани лица. Полицијата не реагира соодветно, а маскираните се упатуваат кон прес-центарот каде што се случуваат главните насилства. Повредени се  премиерот Зоран Заев, сегашните министри Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Дамјан Манчевски и Максим Димитревски.

Лекарската помош по насилствата на 27 април во Собранието, според извештајот на МВР побарале 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници.

 

 

Нападот врз македонското Собрание беше кулминацијата на двегодишната политичка криза, најголема од осамостојувањето, што започна со објавените нелегално прислушувани телефонски разговори, а со што започна и падот на 10 годишниот режим на Груевски.

На 27 март, ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека до Кривичниот суд Скопје поднел обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозувањена уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело.

Се почнало во 14.30 часот

OJO на прес-конференцијата, образложувајќи го обвинителниот акт за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април, додоа и редослед и хронологија на дејствата на обвинетите пред, за време и по упадот во Законодавниот дом.

Еден од осомничените, како што беше кажано, на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик со кој бил известен да ја почне акцијата „по што го мобилизирале членството на неколку здруженија и лица од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на законодавниот дом не е соодветно обезбеден и заштитен од полициски сили.

Четири часа подоцна, односно во 18.58 часот на 27 април 2017, десетмина обвинети заедно со поголема група луѓе што претходно ја организирале и им поделиле маски-фантомки, по претходен телефонски договор, се упатиле кон зградата на Собранието.

Во меѓувреме, четворица обвинети, инаку организатори на движењето „За заедничка Македонија“, како дел од друга група, ги повикале и ги повеле насобраните граѓани кон Собранието и со потпалувачки говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани.

-Поттикнатите граѓани, заедно со групата која носела маски фантомки ја прескокнале заштитната ограда околу Собранието и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја отворат влезната врата. Но поради безбедносната заштита не успеале во тоа-се наведува во обвинението.

Истовреме, односно околу 19 часот, внатре во собраниската зграда, еден од обвинетите пратеници бил во телефонска координација со еден од обвинетите од групата која била пред вратата на Собранието.

-По телефонската координација, петмината обвинети пратеници (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски), заедно со тројца обвинети од собраниското обезбедување, ги отвориле дцете велзни врати, откако ги тргнале металните заштитни греди, по што почнале да ја насочуваат толпата кон пленарната сала и кон прес-салата на Собранието.

По ова обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата и го почнале насилството, фрлајќи предмети кон пратениците од парламентарното мнозинство и кон новинарите.

Дел од обвинетите физички ги нападнале присутните во прес-салата и им нанеле повреди на поголем број пратеници.

-Во прес-центарот, додека траело насилството и нападот од страна на обвинетите, едно од нив, се насочил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштолот кој го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот (Заев н.з.) бил заштитен од обезбедувањето и од други лица-беше кажано на денешната прес-конференција.

 

Обвинетите во нападот ги користеле сите можни предмети до кои дошле, а поставиле и две импровизирани експлозивни направи под работните бироа во две канцеларии.

Додека траело насилството во Собранието, двајца обвинети – припадници на МВР, одзеле два хард-диска за да ги прикријат трагите и да не се откријат дејствата од упадот.

Обвинетите тројца припадници на структурите на МВР, како носители на златна и сребрена команда, иако континуирано биле известувани дека животот им е загрозен на пратениците од новоформираното парламентарно мнозинство, на новинарите и на собраниските службеници, не издале наредби за распоредување на дополнителни посебни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на на Собранието тој ден.

-Овие обвинети не издале ни наредба за евакуација на, со што овозможиле непречено да се вршат акти на насилство и директно придонеле непречено да се влезе во законодавниот дом и да се оствари целта на насилниот напад.

Инаку, како што соопштија Јовески и портпаролката на ЈО, покрај за обвинетите, истрагата утврдиле дека во организацијата на настаните од 27 април биле вклучени и одреден број засега непознати лица, за што во следниот период продолжуваат истражните дејствија заради целосно расветлување на настанот.

Улогата на Груевски

Пратеникот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој повика на улични протести, за време на упадот беше во Виена.

Тој ги отфрлил информациите во јавноста дека дал наредба за почеток на насилствата во Собранието на 27 април лани и изјави дека тоа не го направил ниту неговиот телохрантел, како што се наведува во обвинението за повикот од Виена.

-Да имаше „Д„ од докази против мене, јас немаше да бидам тука. Ќе бев заедно со лицата кои веќе ги уапсија, а кои не се виновни и на кои падна товарот за овој случај, изјави Груевски на 2 април годинава.

Брат на телохранителот на Груевски е Александар Василевски Нинџа, кој како што  стои во обвинението на 27 април лани добил повик од НН лице од оебезбедувањето на Груевски да почне акцијата за упад во Собранието.

Тој рече дека разговаарал со неговиот телохранител и од него добил одговор дека дента на 27 април 2017 разговарал само со неговата сопруга за семејни работи, како и со неговиот брат и исто така за семејни работиа и немало ништо повеќе од тоа.

До каде е постапката

Собранието, на 1 декември минатата година со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница.

 

Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција и сега судот може да пристапи кон одлучување по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое што бара одредување мерка притвор за пратениците. Се гласаше поединечно за секој пратеник, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присутвуваа на гласањето.

 

Шестмината пратеници се осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

Сепак, иако помина еден месец од поднесеното обвинение, Советот за оценка на обвинителниот акт при Основниот суд Скопје 1, сè уште се нема произнесено дали ќе го прифати и ќе почне постапка за настаните во Собранието.

Рочиште за обидот за убиство на Села на годишнината 

Како потсетување и предупредување, и во потрага по вистината и прадата, токму денеска во Кривичниот суд ќе се гледаат видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април на рочиштето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, кој беше најтешко повреден во овие настани.

За нападот на Села се обвинети десет лица: Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

 

27 април. Насилства една година подоцна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.