Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск: Вие застанавте зад нас и ние ќе застанеме зад вас

0
By Нова ТВ on April 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 27, 2018 12:20

Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Забележувам храбро лидерство кај премиерот заев насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобриот доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која говореше на македонски јазик.

Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.

– Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане, рече Туск.

Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.

– Застанавте до нас во случајот Солсбери и ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани, рече првиот човек на Европскиот совет.

Туск посочи дека претстојниот самит во Софија во мај треба да донесе нова енергија во односите и треба пред се да ја реафирмира европската перспектива на регионот.

-Со Бугарија докажавте дека кога постои волја да се надминат духовите од минатото, постои начин да се оди кон иднината. Се надевам дека истото ќе постигнете со Грција. Ја имате мојата безусловна поддршка и јас верувам во вас, рече Туск.

Туск повтори дека ЕУ е и ќе остане најдоверливиот партнер за целиот регион: ЕУ е најголем инвеститор, најголем донатор и најголем трговски партнер за целиот регион.

-Ова се однесува и на вашата земја. Околу 80 отсто од вашиот извоз оди во ЕУ, а 13 отсто во Западен Балкан. Само 1,5 отсто во Турција, а 1% со Русија и 1% со Кина. Освен трговија и инвестиции убеден сум дека ЕУ е најголема надеж за подобра иднина на вашите граѓани. Ова го кажувам од лично искуство како Полјак, денес во рамките во ЕУ моежеме да го негуваме нашиот национален идентитет додека сме дел од поголемата заедница во која сите можеме да просперираме, рече Туск.

Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.

– Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни, рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК.

 

Заев прес конференција Скопје Туск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.