НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mеѓународна научна конференција „Културна меморија“

0
By Нова ТВ on September 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата меѓународна научна конференција „Културна меморија“ ќе се одржи од утре до 7-ми септември во Скопје.

На научната конференција се очекуваат околу 370 учесници од 49 земји од светот – универзитетски професори, научници, магистри и докторанти, а од нив околу шеесет се од Македонија. Ќе има претставници од 250 универзитети од четири континенти. Ќе се работи во осум сали, на три јазици и има 14 панели.  

– Културната меморија е актуелен предмет на интерес бидејќи меморијата се поврзува со идентитетот, местото, начинот на живеење, обичаите. Станува збор за исклучително важна тема која на конференцијата е поделена во четири секции. Едната секција ја поврзува културната меморија со идентитетот, а другата со политиките. Многу важна е секцијата што културната меморија ја поврзува со местото и просторот и четвртата е уметноста и медиумите во корелација со културната меморија, вели претседателот на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева.

– Целта на оваа конференција е да ја промовира Македонија и Скопје, како место кое може да организира настани од европско ниво. Оff програма предвидува посета на Старата скопска чаршија, манастирите од околината на Скопје, Охрид, проследено со професионални водичи и со раскажување на македонската приказна на гостите, вели потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски.

Организатор е Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), кој беше формиран минатата година од професори и млад кадар, главно од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ во Штип и самостојни истражувачи.

Центарот за култура и културолошки студии има мисија да ги обедини сите креативци во Македонија и да развие меѓународна соработка со вмрежување и поврзување со установи  од културата надвор од земјава. Како проект на ЦККС е развиена Балканска мрежа за култура и културолошки студии, основана од неколку истражувачи од балканските земји со цел Балканот да се вклучи во европските и светски организации. Центарот, во соработка со книгоиздателството МИА-АН, го објавува списанието Култура/Culture, кое има меѓународен издавачки одбор и излегува на англиски јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.