НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинетиот за напад врз новинарската екипа на А1он не чувствува вина

0
By Нова ТВ on April 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје, денеска се одржа првото рочиште за нападот на новинарската екипа на „А1 он“, кој се случи на 28 февруари минатата година за време на протестот „За заедничка Македонија“ кога новинарот Александар Тодески и снимателот Владимир Желчески се здобија со  телесни повреди и потрес на мозокот по физичкиот напад кај портата „Македонија“.

Според обвинението што е поведено од страна на Јавното обвинителство, обвинетиот Матеја Каников, заедно со уште едно, засега непознато лице, на 28 февруари минатата година, втор ден од протестот „За заедничка Македонија“, пред самиот крај на демонстрациите, веднаш до триумфалната порта во Центар физички ги нападнал оштетените Тодески и Желчески, кои во тој момент биле наведнати кон земјата и ги снимале испечатените пари со албански знаменитости, кои претходно биле фрлени од страна на демонстрантите.

Обвинетиот Каников, кој работел како комунален редар во Град Скопје рече дека не се чувствува виновен.

Новинарот и снимателот сведочеа дека во близина на портата „Македонија“ им пришле неколку лица кои побарале од нив да се легитимираат. Откако Тодески одбил бидејќи не биле службени лица тие веднаш биле нападнати, а напаѓачите се упатиле кон Градскиот трговски центар, каде се снимени од безбедносните камери. На местото на настанот, како што тие сведочеа бил и тогашниот министер за финансии, Кирил Миновски заедно со негов пријател, но кога се обиделе да земат изјава од него, тој се повлекол.

Второто лице кое било заедно со Каников, носи капуљача и не се гледа неговиот лик.

Нападнатата екипа исто така кажа дека полицијата не тргнала во потрага по напаѓачите.

Новото рочиште е закажано за 23 мај, кога ќе се презентираат доказите и ќе се сослушаат сведоци.

 

нападнати новинари судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.