НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Инспекторската работа под лупа на државата

0
By Нова ТВ on September 5, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крупни реформи во работата на инспекциските органи, забрзување на прекршочните постапки, основање државна комисија за одлучување во втор степен во инспекцискиот надзор и прекршочната постапка како посебно правно лице, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Правните субјекти во иднина нема да бидат подложни на чести редовни надзори од страна на различни инспекторати, туку ќе бидат координирани и во една компанија редовните надзори ќе се вршат едновремено. На тој начин ќе се надминуваат забелешките од страна на компаниите дека честите надзори предизвикуваат застој во нивното работење и им одземаат време и ресурси кои биле планирани за реализации на нивните тековни обврски, рече Груевски.

Работата на инспекторите ќе се следи преку систем за успешност со квалитативни и квантитативни оценки. Најзначајна новина кај измените на Законот за прекршоци е забрзувањето на постапките со издавање мандатен и прекршочен налог, ќе се воведе и електронска достава во прекршочната постапка, ќе се дефинираат и условите за водење прекршочна постапка при што судовите ќе можат да носат одлуки и без присуство на странката.

Се утврдуваат и рокови за постапување при што за прекршоци со глоба до 15.000 евра треба да се постапува во рок од два месеци, а над таа сума од три месеци.

Државната комисија за одлучување во втор степен во управната постапка треба да се формира во рок од шест месеци по донесувањето на законот. Таа комисија ќе одлучува во рок од 30 дена од комплетирањето на списите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.