Шефот на ерменската опозиција Никол Пашиниан, 42 години, денес беше избран за премиер во Парламентот на оваа екс советска република на јужниот Кавказ.
Во Ерменија протестите на опозицијата против владата траеа три недели.
Пашиниан беше единствениот кандидат за премиерското место. Овој пратеник на опозицијата и поранешен новинар ја доби поддршката на 59 пратеници за изборот, за 6 повеќе од неопходните 53 гласа.
Парлементот гласаше и пред 8 дена за кандидатурата на Пашиниан но не ја доби поддршката на Републиканската партија која има 58 седишта во Парламентот.
Изборот на Пашиниан беше цел на протестите во кои десетици илјади граѓани на Ерменија мирно, од 13 април, го искажуваа своето незадовослтво од поранешниот претседател Сергеј Саркисиан кој беше на оваа функција десет години. Потоа тој стана премиер и поради протестите одлучи да поднесе оставка. Неговата Републиканска партија беше обвинета од опозицијата дека потрфлила во борбата против корупцијата и сиромаштијата во Ерменија




