Министрите за одбрана на ЕУ денес на неформалниот состанок во ЕУ потврдија дека има докази дека Дамаск употребувал хемиско оружје.
„Има повеќе знаци дека режимот употребувал хемиско оружје”, рече литванскиот министер за одбрана, престедавач со ЕУ.
Употребата на хемиското оружје беше осудена од ЕУ и министрите сметаат дека одговорните за тоа треба д абидат казнети, но сепак идеите за тоа што треба да биде направено се различни кај земјите членки.
Помеѓу земјите од кои поддржуваат воена интервенција се Франција и Данска додека Италија и Шпанија покажале водржаност. Според дипломатски извор, сепак ниту една земја нема да ја осуди воената интервенција доколку до неа дојде.
Според блогот “Брисел 2” посветен на европската одбрана, словенечкиот министер за одбрана Роман Јакич вели дека нема докази од каде доаѓа хемиското оружје и дека можно оружјето да го користел Башар ал-Асад. Извештајот на инспекторите на Обединетите Нации нема да донесе одговор на прашање кој го користел хемиското оружје. Јакич исто така смета дека решението на конфликтот е политичко а не воено.
Сирија ќе биде на дневен ред и утре во сабота кога на министрите ќе им се придружи и американскит државен секретар Џон Кери.