Холивудската асоцијација на странски новинари (Hollywood Foreign Press Association -HFPA) донесе одлука да донира 1 милион долари за Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) да отвори канцеларија во административниот центар на САД, Вашингот ДЦ.
Како што известуваат од оваа организација, претседателката на HFPA Мехер Татра вели дека оваа Асоцијација избрала да ја поддржи работата на ICIJ, бидејќи сметаат дека во моментов “повеќе од кога и да е, информирањето на граѓаните е возможно само со медиуми кои се слободни и без страв да и ја кажат вистината на власта“.
-Важноста на слободата на медиумите, исто така, може да се види во Унгарија, каде што нашиот уредник, Дин Старкман, од прва рака е сведок на владината војна против медиумите. Или како што нагласува тој, важноста на медиумите е, всушност, уште повеќе нагласена со актуелниот напад на тамошната влада врз нив, велат од Конзорциумот.
Слични искуства, оваа организација има и со други свои членови во Унгарија, како што е новинарот Андраш Пето. Тој е уште еден од редот новинари кои извршувајќи ја својата работа, се соочил со ситуацијата, како е да се работи во редакција која била затворена само затоа што известувала за фактите.
Која е Холивудската асоцијација на странски известувачи
Холивудската асоцијација за странски новинари е основана во 40-тите години на минатиот век за време на Втората светска војна. Членовите – новинарите ја покриваат холивудската филмска и музичка индустрија за меѓународни редакции низ целиот свет. Во моментов има 90 активни членови кои претставуваат 56 земји, со публика од 250 милиони луѓе.
HFPA исто така е продуцент на наградите Златен глобус.

-Мисијата на хуманитарната организација HFPA е да се поттикне образованието, разновидноста и креативното изразување во уметноста и филмот преку различни програми и специјални грантови. Повеќе од 25 години, HFPA успеа да ги искористи средствата добиени преку надоместоците за лиценцирање на „Златен глобус“ за да донира повеќе од 30 милиони долари во грантови, да обезбеди повеќе од 1.500 стипендии за студенти – режисери и пишувачи за да помогне да се зачува наследството на Холивуд преку обнова на над 90 филмови. Покрај тоа, HFPA донираше хуманитарни грантови од милиони долари во текот на годините, на организации, вклучувајќи го и International Rescue Committee and FilmAid, вели претседателот на асоцијацијата Мехер Татна, која во Индија се занимавала со уметност, но по стипендијата за економски науки на Универзитетот Брандеис во Масачусетс, се преселила во САД. Но откако се преселила во Лос Анџелес за да продолжи со актерска кариера, всушност почнала да се занимава со новинарство.
Татна вели дека одлуката да донираат 1 милион долари во истражувачкото новинарство всушност била донесена бидејќи сметале дека на тој начин прават нешто вредно.
-Почетоците се од оној возбудлив говор на Мерил Стрип доделуваето на „Глобусите“ пред две години. Нашата поддршка за нашите колеги новинари исто така е одраз на времето во кое живееме, каде што повеќе од кога и да е, информирањето е на граѓаните е возможно само ако постојат слободни медиуми, без страв да и ја кажат вистината на власта, вели Татна.
Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




