Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холивуд со поддршка на борбата против „пропагандната машина“ на Орбан

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 13:17

Холивудската асоцијација на странски новинари (Hollywood Foreign Press Association -HFPA) донесе одлука да донира 1 милион долари за Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) да отвори канцеларија во административниот центар на САД, Вашингот ДЦ.

Како што известуваат од оваа организација, претседателката на HFPA Мехер Татра вели дека оваа Асоцијација избрала да ја поддржи работата на ICIJ, бидејќи сметаат дека во моментов “повеќе од кога и да е, информирањето на граѓаните е возможно само со медиуми кои се слободни и без страв да и ја кажат вистината на власта“.

-Важноста на слободата на медиумите, исто така, може да се види во Унгарија, каде што нашиот уредник, Дин Старкман, од прва рака е сведок на владината војна против медиумите. Или како што нагласува тој, важноста на медиумите е, всушност, уште повеќе нагласена со актуелниот напад на тамошната влада врз нив, велат од Конзорциумот.

Слични искуства, оваа организација има и со други свои членови во Унгарија, како што е новинарот Андраш Пето. Тој е уште еден од редот новинари кои извршувајќи ја својата работа, се соочил со ситуацијата, како е да се работи во редакција која била затворена само затоа што известувала за фактите.

Која е Холивудската асоцијација на странски известувачи

Холивудската асоцијација за странски новинари е основана во 40-тите години на минатиот век за време на Втората светска војна. Членовите – новинарите ја покриваат холивудската филмска и музичка индустрија за меѓународни редакции низ целиот свет. Во моментов има 90 активни членови кои претставуваат 56 земји, со публика од 250 милиони луѓе.

HFPA исто така е продуцент на наградите Златен глобус.

Мехер Татна (HFPA)

-Мисијата на хуманитарната организација HFPA е да се поттикне образованието, разновидноста и креативното изразување во уметноста и филмот преку различни програми и специјални грантови. Повеќе од 25 години, HFPA успеа да ги искористи средствата добиени преку надоместоците за лиценцирање на „Златен глобус“ за да донира повеќе од 30 милиони долари во грантови, да обезбеди повеќе од 1.500 стипендии за студенти – режисери и пишувачи за да помогне да се зачува наследството на Холивуд преку обнова на над 90 филмови. Покрај тоа, HFPA донираше хуманитарни грантови од милиони долари во текот на годините, на организации, вклучувајќи го и International Rescue Committee and FilmAid, вели претседателот на асоцијацијата Мехер Татна, која во Индија се занимавала со уметност, но по стипендијата за економски науки на Универзитетот Брандеис во Масачусетс,  се преселила во САД. Но откако се преселила во Лос Анџелес за да продолжи со актерска кариера, всушност почнала да се занимава со новинарство.

Татна вели дека одлуката да донираат 1 милион долари во истражувачкото новинарство всушност била донесена бидејќи сметале дека на тој начин прават нешто вредно.

-Почетоците се од оној возбудлив говор на Мерил Стрип доделуваето на „Глобусите“ пред две години. Нашата поддршка за нашите колеги новинари исто така е одраз на времето во кое живееме, каде што повеќе од кога и да е, информирањето е на граѓаните е возможно само ако постојат слободни медиуми, без страв да и ја кажат вистината на власта, вели Татна.

Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.