НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Став за канабисот: „Легализирајте ја, не критикувајте“

0
By Нова ТВ on September 6, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Легализирајте ја, не критикувајте“ е пасус на песната „Легализирајте ја“ на светската музичка икона Боб Марли која зборува за легализација на канабисот. Прашањето на употреба на дрога е дискутирано повеќепати поради критиките според кои настаните како што е Гластонбери промовираат култура на нелегална консумација на дрога. Можам да претпоставам дека повеќето од вас кои се воздржани по ова прашање, читањето на овој текст кај вас ќе предизвика одвратност, но да размислиме за момент на фактите пред да преминеме на заклучокот дека доколку канабисот се легализира, Британија ќе стане масивно гето на дрога со десетици милиони луѓе кои ќе страдаат од ментално-здравствени проблеми како на пример шизофренија, пишува во својот став Др. Николас Алмонд, признат невропсихолог, за „Хафингтон Пост“.

Односот на канабисот и шизофренијата, придобивките и аргументите подолу во текстот:
„Еден од аргументите против легализација на канабисот е „доказот“ кој ја поврзува употребата на канабис со развојот на шизофренија. Ве молам имајте во предвид дека јас го користам зборот „поврзува“ а не „причинува“ – Ова е многу важно бидејќи се надевам дека ќе бидам во можност да објаснам. Дури и најтврдокорното десно крило на т.н. експерти во менталното здравје ќе признаат дека само мал дел од случаите со шизофренија можат да и се препишат на употребата на канабис. Да, за жал поголемиот дел од случаите на шизофренија можат да му се препишат на генетските фактори, нарушувањата при развојот на мозокот и хроничниот стрес.

Зошто тогаш одредени групи се толку убедени со доказите дека канабисот може да предизвика шизофренија? Прво треба да ја разбереме невролошката основа на шизофренија: Шизофренијата е предизвикана од нерамнотежа во невротрансмитерот кој се вика допамин, особено во фронталните ушни ресички и лимбичкиот систем на мозокот. Ако на лице со шизофренија и дадете дрога која го зголемува допаминот низ целиот мозок, нивните симптоми се влошуваат. Поточно, луѓето со шизофренија покажуваат намалување во нивоата со допамин во фронталната кора на мозокот и зголемување на допамин во лимбичкиот регион од мозокот кој е одговорен за многу функции вклучувајќи ја и зависноста.

Пушењето тутун ослободува никотин кој го стимулира ослободувањето на допамин во фронталната кора на мозокот, оттаму не е изненадување дека постои многу голема врска помеѓу пушењето и шизофренијата. Тука доаѓа некомплицираниот дел: дилерите на дрога имаат тенденција да ги таргетираат помладите возрасни кои пушат. Овие дилери на дрога започнуваат со продажба на канабис пред да продолжат со други поопасни дроги кон купувачите. Дрогите: екстази и ЛСД, а потоа со кокаин и ако лицето е навистина несреќно, со хероин.

Можам да ги слушнам активистите против дрогата, како врескаат „Гледаш, канабисот води кон консумација на потешки дроги!“ Не, тоа е едноставно така затоа што марихуаната е нелегална. Верувале или не, некој кој има џоинт или чоколадо, не вика „Ооо па ќе преминам на кокаин утре“. Поголемиот дел од луѓето кои уживаат канабис не сакаат други дроги како што се екстази, спид или кокаин, бидејќи овие се стимуланти (наркотици кои возбудуваат и даваат повеќе енергија, и дефинитивно не помагаат при желбата за опуштање). Канабисот, од друга страна е сличен на алкохолот, луѓето кои го уживаат го прават тоа како помош за релаксација.

Што е со квалитетот на канабисот кој се добива од локален дилер? За жал, ако сте пушач на смола ќе забележите дека доста од тоа мало црно блок кутивче е изработено од катран, пластични кеси, па дури и секрети од куче. За жал од канабисот кој е достапен на улиците само околу 40-50% содржи чист канабис.

Да го преиспитаме аргументот за односот помеѓу канабисот и шизофренијата; можно ли е воопшто „ѓубрето“ кое дилерите го користат за да изработат канабис да предизвика оштетување на мозокот? Јас не мислам дека вдишувањето пластични кеси, кучешки измет или најлонски материјал некому прави добро. Исто така постои и случај кога дилерите ќе им понудат други дроги на купувачите, и добро познато е дека кокаинот и другите слични дроги имаат голем ефект на допамин во мозокот. Исто така, забораваме на односот помеѓу пушењето и шизофренијата; дури и кога шизофренија не беше очигледна, луѓето имаа тенденција да пушат повеќе. Многу од дилерите се исто така поврзани со лихварство и организиран криминал и ако еден човек кој има генетска предиспозиција за шизофренија се заплетка во ова, единствен резултат е зголемување на стресот, кој води кон шизофренија.

Ако канабисот би се легализирал, тогаш владата би можела да ja контролира јачината на дрогата и корисниците ќе знаат што консумираат. Ова се случува во Холандија каде канабисот е легален; таму можете да го јадете, пиете во чај или да го пушете како џоинт; но таму знаете точно за што се работи во однос на ТХЦ (активна состојка во канабисот кој стимулира допамин во средната ушна ресичка и мозочното стебло). Сега, ако канабисот предизвикува шизофренија, очекувате повисока стапка на шизофренија во Холандија во споредба со Велика Британија каде канабисот е незаконски. Е, тоа не е случајот. Според извештајот на Светската здравствена организација, во 2004 година, за шизофренија, гледаме скала во која најниската стапка била во Австралија со 164 225 а највисоката во Индонезија со бројка од 321 870.

Конечно, да го разгледаме бројот на смртни случаи предизвикани од легалните наркотици во споредба со канабисот. Според националните статистики во 2011 година, нешто под 8 750 смртни случаи биле предизвикани од алкохол. Ако некој сака да чита, 100 000 умираат од пушењето секоја година. Колку има директно починати од предозирање со канабис? Одговорот е голема дебела 0! Физички невозможно е предозирање од канабис. Покрај тоа, физички невозможно е да се стане зависник на активните состојки на канабисот, бидејќи ТХЦ има долг полуживот по што невозможно е физичка зависност за разлика од алкохолот и никотинот.

Професорот Дејвид Нат ја загуби својата работа по изјавите за легализирање на марихуаната. Секако, многу од вас ќе зборуваат дека доколку канабисот се легализира тогаш ние промовираме пушење, а тоа не мора да биде случај, на пример може да се легализира канабисот за потрошувачка во храната и пијалокот во кафулињата за лица кои се на возраст од 18 и над.

Даночните приходи кои ќе се зголемат, може да се користат за лекување на шизофренијата, за едукација на децата од злоупотребата на дрога, и да се намали дефицитот на владите. Тогаш, кога ќе се соземеме и ќе ја легализираме марихуаната … и да се релаксираме?“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.