Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хематологија демантира дека влегле инспектори од Финансиска полиција

0
By Менче Атанасова Точи on May 11, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 11, 2018 12:36

Директорката Ирена Пановска Ставридис и економскиот директор Маја Дерменџиев демантираат дека Финансиска полиција влегла на Клиниката за хематологија за да ја проверува набавката на лекот Мабтера. Демантот го објавуваме во целост.

„Земајќи предвид дека на Вашиот медиум објавивте прилог со наслов „Финансиска полиција влегла на клиниките за хематологија и ревматологија“ со кој тврдите дека цел на инспекторите била некаква последна набавка на лекот “Мабтера” кој според вас била донесена со паралелен увоз по интервентна постапка, обврска на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија да реагираме на овие погрешни наводи кои внесуваат страв и паника кај нашите пациенти и го нарушуваат нашиот углед и угледот на јавното здравство генерално.

Прво, во интерес на објективно информирање на јавноста на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија не е влезена Финансиска полиција.

Второ, на нашата клиника воопшто не е извршена набавка на споменатиот лек во вашиот прилог.

Трето, лекот “Rituximab-Мабтера”- кој во моментот се аплицира на нашата Клиника е добиен според регуларна отворена постапка- меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017. Истиот се увезува според паралелен увоз и дистрибутерот уредно ја доставува целата потребна документација и дозволи од МАЛМЕД, согласно на законските барања.  Стручниот колегиум не се сомнева во квалитетот на лекот бидејки е од оригинален производител, до сега не се евидентирани несакани реакции, ниту има поместување во очекуваните резултати од лекувањето. Не сме имале ни поплака од ниту еден пациент поради дистрибутивниот ланец кој се користи за да се донесе лекот.

Четврто, жалиме што повторно истиот автор, на сличен начин како пред два месеци, го злоупотребува вашиот медиум да шири дезинформации кои очигледно ги добива од “извор” кој има сомнителни мотиви да го напаѓа реномето на нашата клиника, директно наштетувајќи им на пациентите и го руши угледот на јавното здарвство генерално. Најмалку што очекување во раките на истражувачкото новинарство е  авторот на текстот да оствари  комуникација со официјален претставник од клиниката, со што би помогнале во објективното информирање на јавноста.

Претпоставувајќи дека како медиум сте свесни за одговорноста што ја имате за начинот на кој ја информирате јавноста, особено за здравствените услуги и квалитетот на лековите, бараме заради објективност и во интерес на вистината овој писмен демант да го објавите интегрално во законски предвидениот рок утврден во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Дополнително, заради ублажување на штетата која ваквите прилози им ја нанесуваат на пациентите, во најмала рака би било професионално и пристојно уредувачкиот тим на ТВ Нова јавно да се извини и огради од дезинформациите кои некој упорно се труди да ги пласира.

Одговор од НОВА:

НОВА вечара објави дека Финасиска полиција влегла на Клиниките за ревматологија и хематологија. Од Финасиска полиција официјално потврдија дека дека предмет на истрага е набавката на лекот Мабтера.( набавен од велдрогеријата на таткото на директорката Пановска н.з).

Од Финасиска полиција исто така официјално потврдија влегле во веледрогеријата која го набавила лекот и во Клиниката за ревматологија.

Но, истрагата оди секаде каде што сметаат дека има поврзаност со овој лек и со веледрогеријата која го набавува.

Финансиската полиција пријавата ја добиле од Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде што стигнала пријава од пациенти дека лекот кој што го примаат е од паралелен увоз.

Лекот Мабтера за кој во демантот на Хематологија стои дека не е од некаква последната набавка,  туку преку меѓународен тендер бр. 4/2017 од 29.06.2017 , сепак е од паралелен увоз. Инспектори од Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) влегле на Клиниката и правеле контрола на сите потребни документи бидејќи имале пријава дека не биле завршени сите постапки за контрола на квалитет.

Инаку, НОВА нема да се извини бидејќи не станува збор за никакви дезинформации во случај кога постои истрага за лекот кој се користи и на Хематологија.

Дополнително, од Клиниката за хематологија досега немало никаква транспарентност. Секогаш кога била контактирана директорката Пановска, таа или не се јавува на телефон или ја прекинува врската, за потоа повеќе да не одговара на телефонските повици.

Ваквиот начин на комуникација досега не е познат во праkсата, не се случил со ниту еден од директорите на јавните здравствени установи и ја отежнува работата на новинарот.  Наспроти тоа, во последно време од Хематологија стигнуваат соопштенија во кои истото раководссво изразува задоволство од сопствената работа и менаџирање со клиниката и индиректно врши притисок истите да бидат задолжително објавени.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.