Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска полиција влезе на Клиниките за хематологија и ревматологија

4
By Менче Атанасова Точи on May 10, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 10, 2018 20:06

Финансиска полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), дознава НОВА.  Цел на инспекторите  била последната набавка на лекот Мабтера, кој наместо директно од производителот, наводно бил донесен преку паралелен увоз.

Од Финасиската полиција за НОВА потврдија дека започнале истрага по пријава од пациенти кои се пожалиле дека лекот кој што го примаат е од паралелен увоз.

„ Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек.  Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали  имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.

Станува збор за исклучително скап лек(една ампула чини 68 000 денари)  за кој имало постапка за интервента набавка бидејќи залихите се потрошиле. Нашите извори велат дека веледрогеријата добавувач учествувала со оригинаторен лек и решение за регистрација директно од производителот. Но, наместо од производителот,  лекот бил донесен преку паралелен увоз. Дополнително, наводно истата веледрогерија немала право ниту на тоа бидејќи решението за паралелен увоз им било истечено на 30 март.

„ Заради тоа што е истечено решенето на 30 март овој добавувач не смее да учествува во постапки за јавни набавки, може да испорачува лекови од залихи, но не смее да увезува нови лекови. Веледрогеријата го злоупотребила производителот со тоа што доставила решение директно од таму, а испорачала лек од паралелен увоз“, тврдат добро упатени извори за НОВА.

На Клиниката за ревматологија се сигурни во безбедноста на овој лек, бидејќи како што тврдат,  добавувачот доставил сетрификат за квалитет од производителот и сертификат дека е задржан ладниот ланец. За да се увериме дали станува збор за лек од паралелен увоз, НОВА побара и ни беше дозволено да го видиме пакувањето на лекот.

Од она што го видовме, ампулите се чуваат во фрижидер на соодветна температура, спремни за да им се дадат на пациентите. Но, на кутиите на кои со ластик е закачено упатсво на македонски јазик, покрај бројот на серијата и производителот,  стои и носителот и бројот на одобрение на паралелен увоз. Се друго на пакувањето е на турски јазик. Иако, видовме но, не го снимивме пакувањето на лекот, НОВА сепак дојде до упатството за употреба на лекот.

На клиниката велат дека не знаат зошто е тоа така и претпоставуваат дека лекот бил наменет за пазарот во Турција. Фармацевтски извори велат дека објаснувањето е едноставно, лекот е набавен преку паралелен увоз од Турција.

„Станува збор за серија на лек кој не е наменет за Македонија туку за Турција. Добавувачот го набавил од Турција по поевтина цена и преку паралелен увоз го внесол во државата. На ваков начин, не само што е прекршен Законот за лекови, туку производителот не гарантира за квалитетот на лекот “, велат фарамцевтски извори за НОВА.

Со тоа, велат нашите извори е доведена е во заблуда и Комисијата за јавни набавки- дека пациентите ќе добијат лек увезен директно од производителот, а всушност испорачани се лекови од паралелен увоз. Злоупотребен е и правниот застапник на производителот во државата, кој со издадената Авторизација гарантира квалитет, без да знае дека тоа ќе бидат лекови од паралелен увоз за кои правниот застапник нема овластување од производителот.

Што од ова констатирала Финасиската полиција засега не се открива, а не се знае дали и на кој начин за сето ова ќе реагира и Агенцијата за лекови која пак, гарантира за квалитетот на лековите и треба да ја штити безбедноста на граѓаните.

Од друга страна, од Клиниката за хематологија каде што исто така деновиве имало засилен инспекциски надзор од Финансиската полиција, испратија соопштение дека донеле одлука претставници од две невладини организации да вршат засилен мониторинг на јавните набавки.

Менаџментот и стручниот колегиум на клиниката известуваат дека „Транспарентност Македонија“ и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“ позитивно одговориле на барањето за делегирање на нивни претставници за мониторирање на целокупниот процес на јавни набавки.

„Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, со својство на надворешни стручни лица кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност да го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки на клиниката, назначени се Ана Јаневска Делева и Биба Додева Христова. Уверени сме дека со овој чекор за унапредување на соработката со НВО секторот воспоставуваме највисоки стандарди за отчетност и транспарентност во процесот на спроведување на јавните набавки. Искрено веруваме, дека преку ваквиот пристап пациентите и целата јавност во Македонија ќе добијат поголема сигурност во квалитетот на здравствени услуги и лековите кои се неопходни за нивно лекување“, се вели во соопштението од Клиниката за хематологија.

Нема објаснување со каква фармацевтска и медицинска стручност располагаат делегираните претставнички од невладиониот сектор за да можат да ги мониторираат лековите и да гарантираат за нивната исправност.

Инаку, директорката на Хематологија често е на удар на медиумите и меѓу колегите во здравствениот сектор поради моралните дилеми за конфликт на интереси при набавките на лекови кои во најголем дел се од веледрогерија, со чиј сопственик е во блиска роднинска врска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.