Веќе трет петок новинарките од шпанската национална телевизија се појавуваат на екран облечени во црни. Знак на нивниот протест против мешањето на политиката во нивната работа, малите плати и родовата нееднаквост, пишуваат денес повеќе европски медиуми како британскиот Гардиан.
Кампањата го доби името viernes negro (црн петок) и фрла светлина врз упорното одбивање на шпанската влада да внесе транспарентност во именувањето на независен совет на РТВЕ.
Народната партија ПП (Partido Popular) на власт се меша во уредувачката политика на РТВЕ, велат тие, и го именува првиот човек на оваа телевизија.
Со хаштагот #AsiSeManipula (#Евекакоманипулираат) новинарите го изразуваат нивното незадоволството, ги споделуваат нивните искуства и притисокот што врз нив се прави за начинот на кој треба да пристапат до презентирањето на информациите.
«Оваа борба има за цел да и дозволи на РТВЕ да понуди квалитетна и независна информација и тоа е грижа за сите нас – вклучително и за обичниот граѓанин кој плаќа данок за продукција и дистрибуција на содржините на РТВЕ», соопштија новинарките.
Во вторникот оставка даде уредничка на РТВЕ откако таа одлучи да не пушти во програма видео во кое висока функционерка од владата го критикува протестот на пензионерите и во кое вели «Како би сакала да им ги скратам мадињата и да им кажам да се е…».
Друг пример, критикуван од новинарските здруженија во Европа, беше третманот на каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт. Во ноември, во екот на каталонската криза, на РТВЕ беше прикажано видео во кое сликите на Пучдемонт се придружени со музика од познатиот хорор филм «Егзорцист».
Пред шест години повеќе новинари од оваа куќа беа отпуштени затоа што ги критикувале владините економски мерки за штедење а новинарите од обвинуват актуелниот директор на РТВЕ за провладина политика.
Кампањата ја водат жените од РТВЕ и тие ја повикаа јавноста да им се придружи во кампањата со постирање нивни слики со црна облека и под хаштагот #BlackFriday3. Тие се надеваат дека ќе им се придружат уште многу жени и мажи што протестираа пред неколку недели против шпанското судство кое ослободи петмина мажи кои силувале тинејџерка но оние 5 милиони жени што учествуваа на «феминистичкиот штрајк» за родова еднаквост.




