НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каков советник му е потребен

25
By Биљана Секуловска on May 12, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако сте заинтересирани каде ви одат парите од даноците, не тагувајте, повелете, ова се бројките на советниците на Заев: посебни советници- 13; советници- 10; надворешни советници- 32  (триесет и третиот, Џезаир Шаќири- Хоџа, даде оставка). Вкупно: 55 советници.

Не би сакала никого да навредам, но поголемиот дел од овие луѓе не ги познавам, никогаш не сум слушнала за нив, ништо не сум прочитала за нивните достигнувања, не сум ги запознала воопшто, што секако, ништо не мора да значи. Или барем се.

Тука има и нам добро познати имиња, почитувани, еминентни експерти, чие мислење, совет, проценка секако дека би му била исклучително важна на премиерот.

Во списокот има и големи промашувања, неверојатни имиња, на кои политиката им служела да ги задоволат сопствените интереси, ниски страсти, да се здобијат со моќ за да ги злоупотребуваат позициите, онака како што тоа го правеле и во минатото.

Којзнае што се може да се стори со волкава бројка на советници, Заев мора да е уморен од набројување на нивните имиња, можеби ги заборава секојдневно, можеби имаат налепница на сакоата за да се препознаваат? Мислам токму на оние кои се непознати, дали тие имаат специјална задача да го повторуваат своето име низ ходниците, да се слуша ехо од нивните гласови, кога во хор се запираат, се претставуваат, се потчукнуваат по грбот, ја подместуваат јаката на кошулата и се упатуваат во своите невидливи кабинети и се советуваат самите себе да не се истрчуваат премногу, за да не дознае Заев за нивното постоење.

Дали можеби некој му ги прокриумчарил на Заев овие советници, му ги подметнал, му ги напишал нивните имиња и сега премиерот не знае дали се тоа шифри, кодни знаци, решение за името можеби преку испревртени букви, кои немаат значење?

Или можеби биле тајно транспортирани, завиткани низ теписите распослани низ Владата и така лежат по цели денови, преплашени и без здив некој да не ја потчукне прашината со цевката од правосмукалката и тие да бидат вшмукани засекогаш. Затоа што, никогаш не ги потценувајте жените кои чистат, тие точно знаат која количина на нечистотија е непожелна, тие се секогаш од нас подобри експерти, дури и од оние со титули важни и длабоки гласови за да изгледаат уште поважно.

Дали имаат секојдневни состаноци, или можеби неделни, заеднички, сите 55, или сепак немаат контакт со она мнозинство кое никој не го знае и којзнае зошто воопшто служи?

Дали се на тајна мисија, чие име, идентитет, лице, не смееме да знаеме?

Можеби оние невидливите поминуваат низ ѕидовите, го ослушнуваат гласот на јавноста, можеби служат за нешто, побогу?

Дали на Заев оркестрирано, во еден глас му кажуваат дека граѓаните се разочарани, затечени, навредени од нивната бројка, од нивната анонимност, од парите што се слеваат во нивните џебови?

Којзнае зошто, Заев не изгледа дека е загрижен за бројката на советниците, која секако дека не кореспондира со нивниот квалитет, но, кои сме па ние да судиме за големите умови, за великаните кои станале советници, чии имиња не знаеме, како изгледаат и зошто воопшто служат?

Од целата приказна, Заев нема само едно- советник кој ќе му ги кажува лошите вести, оние кои ниту еден политичар не сака да ги слушне, не сака да знае за нив и ги мрази оние кои му ги соопштуваат со студен глас и леден поглед.

Но, сепак, без таквите советници, политичарите не можат, колку и да ги избегнуваат, колку и да се кријат од нив под теписи, зад завесите, под бироата, кога ќе ги видат се испружуваат и им објавуваат дека баш тој ден умреле, се прекрстуваат, додаваат- ах, каква штета што нема повеќе да ве видам.

Таквите советници и покрај тоа што поголемиот дел од денот го трошат да ги најдат своите политичари кои им се кријат, сепак имаат среќа да ги соочат на 10 минути токму со нив оние кои ги платиле- нивните политичари.

Тие се нивните сенки, нивното уништено его и смачкана суета, нивните најогорчени непријатели, нивните зли дуси- тие се се што најмногу им треба, затоа што “кога некој се смее, не ги слушнал се уште лошите вести” (непознат автор). Ако го нема тој човек Заев, тој, Заев, никого нема да може да разбере, ниту пак некој ќе може да го разбере. А на друго се надеваше, сосема на нешто друго.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.