Шпанскиот премиер Маријано Рахој дефинитивно нема да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија на 17 и 18 мај, пишуваат белградските медиуми, повикувајќи се на извори во Европскиот совет.
Тој во главниот град на Бугарија ќе дојде да присуствува само на неформалниот собир на Европскиот совет еден ден порано, но нема да остане на централниот собир.
Причина за ваквата одлука на Рахој е неговото категорично одбивање да седне на иста маса со косовскиот претседател Хашим Тачи и косовските претставници на средбата.
Нешто порано денеска, српскиот претседател, Александар Вучиќ официјално потврди дека ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 17-ти мај, во Софија.
Претседателот телефонски разговарал со бугарскиот премиер Бојко Борисов за интеграцијата на Србија, во пресрет на состаокот во Софија, пренесуваат српските медиуми.
Во рамки на разговорите, Вучиќ истакнал дека Србија ќе продолжи да придонесува за стабилизирање на Западен Балкан, особено во односите помеѓу Белград и Приштина, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните настани во северно Косово.
На Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе присуствува и македонскиот премиер Зоран Заевшто а во рамките на Самитот е најавена и средба меѓу Заев и премиерот на Грција Алексис Ципрас.
Бугарија го организира самитот на ЕУ-Западен Балкан според т.н. Гимних формат, што подразбира присуството на сите учесници да биде без обележја и имиња на земјите или регионите.




