Низ пародичен своевиден уметнички перформанс фрлајќи ги во реката Вардар, правдата и човековите права, се промовираше новата, како што се нарекуваат, про-владина организација „Ние сме вистината“.
„Ти не си слободен се додека не станеш член на Ренесансната партија.Ти немаш човекови права се додека не ги заслужиш со тоа што ќе станеш потполно послушен на лидерот. Не постои правда поинаква од онаа што ја спроведува ренесансниот правен систем. Не постои еднаквост . Единствениот лидер е над нас, чувар на нашите сништа и стремежи, хранител, работодавател, тој ни кажува што е исправно и вистинито“, изјави лидерот на „Ние сме вистината“, Џабир Дерала, кој воедно е основач и претседател на НВО Цивил.
„Ние сме вистината“ е претставена како провладина организација која се бори против слободата, човековите права, правдата и еднаквоста.
Главни носители на овој проект на Цивил се независни уметници и интелектуалци преку проектот „Проговори“ кои работат на јакнење на јавната свест и солидарноста за човекови права и слободи.
Во период кој следува планирани се низа активности и перформанси кои треба да укажат на дефектите присутни во македонското општество.