Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев нема да одговара за примање поткуп, ОЈО бара преквалификација

1
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 15, 2018 13:06

Премиерот Зоран Заев нема да одговара за кривичното дело примање поткуп. Обвинотелката Валентина Бислимовска во завршните зборови на денешното рочиште за Поткуп рече дека од досега изведените докази и врз основа на сведочењето на Иван Николов,  произлегува дека е неспорно дека ниту Николов дал пари, ниту Заев ги примил парите. Затоа Обвинителството за организиран криминал претставувано од Бислимовска одлучи, кривичното дело примање поткуп да го преквалификува во кривично дело, каде што обвинетиот Заев побарал, а сведокот Николов само ветил само ќе му даде подарок на Заев. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.

Како што рече Бислимовска ова е нов обвинителен предлог, па со оглед на новонастаната ситуација одбраната на Заев побара и судот се согласи, на половна час пауза за да се донесе одлука.

Според обвинението во случајот „Поткуп“, премиерот Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица од бинисменот Никола Николов Сачевалиев побарал поткуп за продажба на земјиште во струмичко. 160 000 евра од продажбата на земјиштето требало да завршат во џебот на Заев, неговиот брат Вице а дел од парите да одат за изградба на црквата Успение на Пресвета Богородица во Струмица.

Досега беа одржани осум судски рочишта и девет одложувања.

Главни докази на обвинителството беа сведочењето на Николов кој во текот на постапката рече дека Заев, како градоначалник на Струмица, прво му побарал 300 илјади па после 200 илјади евра за купување на 100.000 квадрати земјиште во Струмица како и тоа дека е точно дека го наведувал Заев да изговара реченици според инструкциите на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за организиран криминал.

Друг доказ што во текот на судењето го изведе обвинителството беше тајната снимка што ја направил Николов во разговорите со Заев а мал дел од неа излезе и во јавноста на Јутјуб каналот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.