Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов почеток за „Монструм“, обвинителката Фетаи најави нови докази

1
By Нова ТВ on May 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 16, 2018 11:34

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро од 12 април 2012 година.

Судењето за „Монструм“ почнува од почеток, бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот.

На почетокот на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го презеде овој предмет, откако Врховниот суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот е вратен на повторно судење.

Обвинителката Фетаи од судот побара на прво и второобвинетиот, да им се суди во отсуство, бидејќи се недостапни. Додека Фетаи го читаше обвинението, дел од роднините на убиените плачеа во судницата.

Откако обвинителката Фетаи го прочита обвинителниот акт поднесен од Обвинителството за организиран криминал и корупција, исказ пред судот дава третообвинетиот Агим Исмаиловиќ. Рече дека останува на изјавата што ја дал пред шест години – дека не го сторил делото за кое е обвинет и не се чувствува виновен.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници

Монструм Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.