НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опседнатост од победата и жртвите што таа ги носи

0
By Нова ТВ on September 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Видео-снимки од масовни собири снимени во Македонија, инсталации на уметници инспирирани од социјалните револуции се дел од маѓународната изложба во Полска.

Изложбата на современа уметност која за публиката во Познан, Полска ќе биде отворена до 10 октомври се занимвава со опседнатоста од победата и сите жртви што таа опседнатост ги носи и затоа кураторот Агата Рогос прави споредба со спортот и го зема како појдовна точка во оваа изложба. Нагласувајќи ги различните националистички нарации коишто како тенденција стануваат се поприсутни во повеќе општества, особено на Балканот.

„Конкретно во моето дело се фокусирав на истражувањето што го правев за работничката револуција во Познан во 1956 година, тогаш се случува една од позначајните социјални револуции во Познан, кога работниците од Цигелски фабриката, кога цела толпа влегоа во замокот да го освојат борејќи се за своите права“, објаснува за НОВА, уметникот Филип Јовановски.

Дел од музејот каде се одржува изложбата на дела од современа уметност, се користи како музеј на таа револуција.

„Сакав да напрвам поврзаност со нашиот македонски контекст и контекстот каде што се изложува – Познан. И историски но и емотивно да направам поврзување на сличните колективни, но и лични трагедии до кои може да се дојде доколку некој сака толку многу да победува, да создава/дизајнира националистички нарации“, вели Јовановски.

„Јас го изложувам делотот „Мртва природа, од колекцијата работничката класа оди во рајот“, големи формати работниците со паролата MENS IDEAS ARE THE MOST DIRECT EMANATIONS OF THEIR MATERIAL STATE, и видео „Слободата го води народот“, чиешто значење не само визуелно туку и констекстуално претставува добар контраст на просторот во стариот рустучен замок во Познан“, смета уметникот.

На изложба за современа уметност насловена како „Опседнати со победата“ меѓу светските имиња се представуваат и македонските уметници Јане Чаловски, Никола Узуновски и уметничката група Опсесивно Посесивна Агресија (ОПА).

Делото на уметничката група ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија) е видео-инсталацијата “Eternal Body”, кое вклучува снимки од масовни собири снимени во Македонија и „реферира на стратегиите на создавање на дисциплинирано општество, т.е. креирање на “потчинети тела”, објаснуваат за НОВА, Денис Сарагиновски и Слободанка Стевческа.


Замокот, сега културен центар бил подготвувале како канцеларија за Хитлер, доколку мора да се отсели и побегне Берлин, така што тој за време на Втората Светска војна, бил целосно опремен од страна нацистите – елементи видливи и во дизајнот и денеска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.