Додека траат преговорите за решавање на спорот со Грција, природно е и нормално да постои поголемо присуство на фејк њуз во медиумите, особено во современите електронски медиуми.
Затоа, сега повеќе од било кога, важно е граѓаните да обрнат повеќе внимание на она што ќе го слушнат, видат или прочитаат.
Како особено неверодостоен медиум може да се издвои социјалната мрежа „Фејсбук“. Граѓаните можат да прочитаат некој статус кој шири лаги, дезинформации, повикува на некаква акција и слично. Пред да поверуваат во она на што ќе налетаат на Фејсбук, граѓаните мораат прво да се уверат дека тоа што го читаат е напишано од вистинска личност, а не од лажен профил. Оние кои сакаат да шират невистини во јавноста, речиси без исклучок тоа не го прават од нивниот личен профил, туку од лажен.
Многу од интернет порталите кои постојат само поради тоа што развојот на технологијата е драстично побрз од бавното законодавство, и таа сфера е се уште нерегулирана, често шират фејк њуз.
Доколку на таквите интернет портали прочитате наслов кој прави да чувствувате страв или паника, шансите да читате лажна вест се поголеми.
Лажните вести често имаат наслов кој не соодвествува со текстот и фотографијата која е објавена. Затоа, секогаш обидете се да најдете време да ги прочитате текстовите до крај, а не само насловот и првите реченици.
Исто како со информациите кои ги дознавате од Фејсбук, така и со она што ќе го дознаете од интернет порталите, потрудете се да разгледате неколку различни интернет портали, за да проверите дали информацијата ја објавиле повеќе или само еден портал.
Постојат неколку сајтови преку кои можете да детекрирате фејк њуз. Еден од нив е Hoaxy.
Постои и сајт преку кој можете да ги проверувате профлите на Твитер. Тоа е сајтот Botometer.
“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.






