Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео)Лазаревски: Центар на моќ се противи на моето враќање во МВР

0
By Соња Петрушевска on May 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 15:34

Европскиот Параламент ги номинираше „свиркачите„ од Македонија, Златко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски – двајцата поранешни вработени во УБК, кои открија дека повеќе од 20.000 политичари, министри, опоненети, новинари и бизнисмени се прислушуваат, за наградата за „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“ која за првпат ќе се додели во чест на убиената новинарка од Малта Дафне Каруана Галиција.

Апликацијата ја поднеле од Транспарентност Македонија. Освен македонските „свиркачи“ , во тесниот избор за добитници на оваа награда се и: словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак кој беше убиен, основачот на Викиликс Џулијан Асанж, Мариа Ефимова, укажувач која откри корупција поврзана со политичарите во Малта и Рафаел Халет укажувачот за даночна евазија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

 Во номинацијата пишува дека Лазаревски и Костовски кои со децении работеле во УБК, во 2008 дошле до сознание дека тајната полиција за која работеле долги години нелегално прислушува многу лица. Тие одлучиле многу од овие прислушувани разговори да ги снимат и потоа да ги употребат како доказ . Овие снимени материјали сега се предмет на истрага на Специјалното јавно Обвинителство и по нив има поднесено обвиненија за сериозни извршени кривични дела против политичари и функционери.

„Благодарение на нивниот бескомпромисен патриотизам, во јавноста одекна вистината за вклученост на Владата во различни криминални активности, вклучувајќи изборни измами, следење на политичките опоненти, мешање во работата на медиумите, во изборот на судиите и во судските одлуки“, пишува во номинацијата.

Претседателката на Транспаретност Слаѓана Тасева рече дека „Македонија е горда што ги има Костовски и Лзараевски кои по пат на укажување го открија незаконското и коруптивното однесување на претходната власт“. Но, напомена дека властите мора да преземат мерки, овие лица да ги добијат сите права што им следуваат со Законот за свиркачи, кој беше донесен, но не се спроведува, ни од претходната, ни од актуелната власт.

Сатисфакцијата е голема, но не забораваме низ што се поминавме, рече Лазаревски за номинацијата.

И покрај сите притисоци и закани со кои се соочиле и стравот кој се уште го чувствуваат, тој кажа дека  немаат никаква заштита од државата. Тој се уште не е вратен на работното место во МВР и вели дека контактите кои досега ги имал со властите биле само во насока на објаснување на причините, кои за него се несфатливи.

„Првпат јавно ќе кажам дека моја желба е да се вратам во МВР, зашто припаѓам на безбедносните служби. Но мислам дека постои некој центар на моќ кој е против моето враќање таму“, рече Лазаревски.

Тој  смета дека е добро што се формира нова агенција за прислушување ОТА која ќе биде одвоена од УБК и рече дека размислува дали да се кандидира за директор на оваа Агенција.

Тасева вели дека пресудата на Врховниот суд во Атина, кој одлучи главните осомничени за прислушувањето Грујески и Бошковски да не бидат екстрадирани во земјава, треба да биде аларм државава конечно да преземе мерки и да ги заштити Лазаревски и Костовски.

„Оваа одлука е доказ дека некој жестоко се бори за овие луѓе, да им обезбеди и логистика и се, а ние сме сами оставени. Ја забележувате разликата“, рече Лазаревски.

Лазаревски кажа дека никогаш не се сретнал со премиерот Заев. Снимените материјали од прислушувањето му ги предале на Зоран Верушевски, кој сега е советник за национална  безбедност на премиерот Заев.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.